„Лицемерно е да се нарекуваат Европски фронт, европска Влада и само Европа им е во секој дискурс а во исто време клучната работа која што Европа ја бара од Македонија во делот на реформа во јавна администрација за реорганизација да не се случува. Но затоа во овие 6 години за секој помал проблем или за секој партиски војник имаме нова институција. Не само што не се скратени тие што постоеле туку се создадени 56 нови институции во последниве 6 години од кои 16 се органи на државната управа“, изјави Стефан Андоновски – заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација во вечерашното гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија.
„Она што треба да се направи а го бара и СИГМА, Евопската комисија и меѓународните организации е таа оптимизација и реорганизација, намалување за 10 до 15% од институциите. Поврзување меѓусебно за една надлежност да биде исклучиво во надлежност на една институција. Втората многу значајна работа од таа реформа е целосна дигитализација и автоматизација на процесите со цел сите услуги за граѓаните и бизнисите да бидат достапни со еден клик“, посочи Андоновски.