Северноамериканската воздушна одбранбена команда (НОРАД) објави снимка од средбата на руски борбен авион кој леташе во близина на Алјаска и американскиот воздухоплов F-16 кој беше испратен да го пресретне.
🇺🇸🇷🇺‼️ Un pilote d’un Su-35 russe fait peur à un pilote de F-16 américain quelque part entre la Russie et l’Alaska !
Force à la Russie 🇷🇺❤️ pic.twitter.com/9QIirSQMnW
— Olivier (@French_Partisan) October 1, 2024
Видео снимката од средбата доаѓа по серијата руски упади во зоната за воздушна одбрана на Алјаска веднаш надвор од суверениот воздушен простор на САД, објави АП.
НОРАД и еден од американските сенатори на Алјаска ја осудија средбата со авионот.
„Однесувањето на рускиот Су-35 беше небезбедно, беше непрофесионално и ги доведе сите во ризик“, изјави генералот Грегори Гило, командант на НОРАД и Северната команда на САД.
Сенаторот Ден Саливан, републикански член на Комитетот за вооружени служби на американскиот Сенат, рече дека минувањето на рускиот авион е уште една причина за зајакнување на американското воено присуство на Алјаска и на Арктикот.
Ова пресретнување доаѓа само неколку недели откако осум руски воени авиони и четири нејзини поморски бродови, вклучително и две подморници, се приближија до Алјаска додека Кина и Русија спроведуваа заеднички вежби.
🚨 Ubuyobozi bw'ingabo zirwanira mu kirere muri Leta zunze ubumwe z'Amerika mu majyaruguru bwasohoye amashusho yafashwe y’indege y’Uburusiya ya Su -32 aho Umupilote wa Su-35 yateye ubwoba umu pilot warutwaye F-16 yaba Nyamerika muri Alaska! Gusa yahise isubira mu Burusiya. pic.twitter.com/19O2tHCNyR
— MUHIRE MUNANA OFFICIAL (@muhiremunana1) October 1, 2024
Ниту еден од авионите не навлезе во воздушниот простор на САД. Сепак, околу 130 американски војници се испратени заедно со мобилни ракетни фрлачи на островот Шемија, околу 1.200 милји (1.930 километри) југозападно од Енкориџ.
Во јули, руските и кинеските бомбардери полетаа заедно за прв пат во меѓународниот воздушен простор кај Алјаска, како знак на соработка за што американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека предизвикува загриженост.