(Видео) Американец веслаше низ дневната соба: „Планот беше да избегам со кајак“

by Fokus

Ураганот од четврта категорија по име Хелен, еден од најсилните во овој век, ја погоди Флорида. Засега не се познати последиците бидејќи таму е ноќ, а гувернерот најави дека повеќе ќе знае наутро по локално време.

Жител на Флорида изјави за Си-Ен-Ен како мислел дека невремето нема да биде сериозно.

„Бурата започна прилично бавно, а потоа, бидејќи живеам во близина на вода, одеднаш почна нивото на водата да се зголемува и расте“, изјави Хелер за Си-Ен-Ен.

@mattfromhornblasters.com

Hurricane Helen Tampa Florida Matt Heller from Hornblasters.com house flooding

♬ Storm Coming – Once Monsters

Хелер објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како весла низ дневната соба на виолетов кајак, а околу него лебдат растенија, апарати и мебел.

„Тоа беше мојот план за бегство ако работите тргнат наопаку. Имаме два кајака. Не очекував дека ќе ми требаат во дневната соба“, рече тој.

Додаде дека во минатото имал поплави дома, но ова е најголемата поплава што ја доживеал.

Хелер подоцна се пошегува дека е типичен човек од Флорида кој поминал многу бури во текот на својот живот.

Поврзани новости