Актерот Алек Болдвин беше прогласен за невин за убиство од небрежност и судењето заврши денеска.
Судија од Ново Мексико ја донел оваа одлука затоа што обвинителството, како што наведе судот, прикрило докази за тоа како боева муниција завршила на филмскиот сет каде што беше убиена снимателот Халина Хачинс.
Кога ја слушнал оваа одлука, Болдвин се расплакал и бил утешен од неговите бранители, како и од сопругата Хиларија.
За потсетување, кинематограферката Халина Хачинс беше убиена на снимањето на филмот „Рѓа“ кога на една проба наместо лажен од пиштолот на Алек беше испукан вистински куршум, а во таа прилика беше ранет и режисерот Џоел Соуза.
Актерот подоцна негираше дека го повлекол чкрапалото, но обвинителството рече дека има фотографии на кои се гледа со прстот на чкрапалото и дека пиштолот не може да пука доколку некој не го повлече чкрапалото.
Адвокатите на актерот тврдеа дека полицијата и обвинителството задржале докази кои би можеле да работат во негова корист. Клучно прашање во случајот беше како боевата муниција заврши на снимањето, а адвокатите на Болдвин ја преиспитаа истрагата и укажаа на грешките направени од државните органи кои го обработуваат местото на злосторството.
Откако во март оружарката Хана Гутиерез-Рид беше осудена на 18 месеци затвор за убиство од небрежност, боева муниција ѝ беше предадена на полицијата. Докажано е дека боевата муниција до сетот дошла од добавувачот на реквизитите, а не од продавницата за оружје, но обвинителството овие докази не и ги покажа на одбраната.
Ова доведе до ослободителна пресуда за актерот и тој не може повторно да биде обвинет.