Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше самитот за климатски промени COP29 во Баку и праша која е смислата на меѓународните преговори за климата доколку најголемите загадувачи не го променат своето однесување.
– Таму луѓето јадат, пијат и се фотографираат. Ова ми изгледа како она што се случува во светот секој ден. Животот продолжува, со старите навики, додека нашите говори – полни со убави зборови за борбата против климатските промени – не менуваат ништо – рекол Рама, пишува Гардијан.
Albanian Prime Minister Edi Rama slammed world leaders for not listening to each other's speeches, adding that ‘good words’ spoken during the COP29 climate summit will not change anything https://t.co/o66xVOO1fo pic.twitter.com/X0iimOjlYn
— Reuters (@Reuters) November 13, 2024
Рама укажа на вчерашната изјава на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој посочи дека емисиите на јаглерод диоксид се зголемени од последниот самит на COP.
– Што значи за иднината на светот ако најголемите загадувачи продолжат како досега. Што всушност правиме на овој собир, повторно и повторно, ако нема заедничка политичка волја да се премине од зборови на дела и да се постигне единство за вистински промени – праша Рама.
Говорот на Рама го пренесоа водечките светски медиуми.