255
Албански планинари го отстранија македонското знаме на врвот на Кораб и на неговото место го закачија албанското знаме.
Извесен Изет Шулку објави видео од настанот на социјалните мрежи. Тој се претставува како албански државјанин.
„Кораб е на Албанија и таму нема место за македонското знаме“, напиша Шулку на својот фејсбук-профил и го објави видеото.
Настанот се случил пред два дена, а на видеото може да се забележи дека Шулку кој го отстранува македонското знаме, е придружуван од уште неколку други лица.
На информативната табла со налепница испишана на македонски јазик со надморската височина на врвот – 2.764 метри и дека корабскиот планински масив е во две земји Македонија и Албанија, но Шулку исто така ја искина и фрли.