Генералниот директор на албанската државна полиција, Мухамет Румбулаку, ги отфрли обвинувањата на поранешниот премиер Сали Бериша дека 31-годишниот Герти Шеху, кој го удрил, бил агент на криминалистичката полиција.
Румбулаку рече дека Шеху никогаш не бил полициски агент и никогаш не бил користен како инфилтратор.
– Во врска овој дел од изјавата на Бериша појаснуваме дека лицето Герт Шпетим Шеху никогаш не бил и не е агент во овој сектор, како и во ниту која било од структурите на државната полиција. Тој никогаш не бил користен како инфилтратор од полицијата, рече Румбулаку.
Тој, исто така, нагласи дека документот кој покажува дека лицето боледува од ментални здравствени проблеми, им бил достапен на медиумите од самите членови на семејството.
– Документот дека е ментално болен го дале самите членови на неговото семејство. Државната полиција најостро ги осудува овие изјави. Го уверуваме пратеникот Бериша дека државната полиција во соработка со Обвинителството ќе работи на расветлување на инцидентот, посочи тој.
Бериша обвини дека лицето што го нападнало е агент на криминалистичката полиција и оти се користи како инфилтратор, дека не верува дека е психички болен, дека документот е лажен и оти ” се е добро испланирано од премиерот Еди Рама”.
Former Prime Minister and Leader of the Opposition #SaliBerisha was physically assaulted in the #Protest that the Opposition is organizing today in #Tirana. A few meters away, the #EUWB #Summit is being held#Albania pic.twitter.com/MPpErZAASb
— Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb) December 6, 2022