Ал-Наср првпат во историјата на клубот го освои трофејот на Арапскиот куп. Во финалето го совладаа Ал-Хилал со 1-2 (0-0).
„Прва виолина“ беше Кристијано Роналдо. Португалецот со два погодоци режираше пресврт во финалето на ова натпреварување.
За Ал-Хилал во составот беа Калиду Кулибали, Рубен Невеш, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Малком, а за Ал-Наср освен Роналдо настапија Фофана, Талиска, Брозовиќ, Мане и Телес.
Првиот дел од средбата беше без погодоци, а потоа до предност дојде Ал-Хилал со голот на Михаел во 51. минута.
Ал-Наср предводен од Кристијано Роналдо стигна до 1-1 и продолженија. Португалецот погоди за израмнување.
Во доигрувањето, Роналдо повторно успеа да стрела прецизно. По една опасна шанса за Ал-Наср, топката заврши во пречката и се одби пред голот, а на неа искусно налета Роналдо и ја смести во мрежата за 1-2 во 98. минута.
До крајот на средбата Роналдо се повреди, па пет минути пред крајот на носилки беше изнесен од теренот.
هدف للنصر
الحساب الاساسي : @i_Carl0
الحساب الاساسي : @i_Carl0#الهلال_النصر pic.twitter.com/FU33Dj0CfQ
— بـيـت | ALHILAL (@AlhilalBayt) August 12, 2023
ققققققققوولللللل ررووناالددووو#النصر_الهلال pic.twitter.com/id53uKpxoh
— ميديا #النصر_الهلال (@MediaGoal7) August 12, 2023