445
Со герила акција неколкумина активисти-учесници на Шарената револуција ја поздравија и европратеничката Маријана Петир.
Демонстрантите денеска пред ресторанот „Пелистер” во Скопје, со транспарент ја прашаа eвропратеничката „Дали во ЕУ аболицирате криминалци?“.
Таа денеска оствари средба со техничкиот премиер Емил Димитриев по што била забележана во ресторанот, во друштво на жени од политичкиот живот во Македонија.
Инаку, Петир пред неколку дена изјави дека излезот од кризата во Македонија се избори на 5 јуни, а демонстрантите од Шарената револуција не се согласуваат со тоа.