Американската актерка и модел Ана Лин Мекорд, најпозната по улогата на Наоми Кларк во серијата „9021 Беверли Хилс“, ја коментираше ситуацијата помеѓу Русија и Украина.
34-годишната Ана Лин, која е позната и како хуманитарец, апелираше до Русија да ги прекине нападите.
„Почитуван претседателе Владимир Путин, многу ми е жал што не Ви бев мајка“, вели актерката во видеото.
Таа додава дека животот на Путин би бил поинаков доколку таа била негова мајка.
„Да бев Ваша мајка, светот да беше ладен, би умрела да Ве стоплам… Ќе умрев за да Ви дадам живот“, продолжува таа, а потоа вели дека жали што се родила „премногу доцна“ за да биде мајка на руски лидер.
Актерката дала до знаење дека зборува метафорички и дека всушност мисли на „мајка Русија“.
Dear Mister President Vladimir Putin… pic.twitter.com/LbDFBHVWJf
— AnnaLynne McCord (@IAMannalynnemcc) February 24, 2022