Нападите на ајкула ги нарушија прославите на 4 јули на островот Јужен Падре во САД. Според информациите, ајкулата нападнала две лица. Повредените се пренесени во болница, а еден од нив се здобил со тешки телесни повреди, соопштија локалните власти.
Според АП, полицијата била повикана по напад на ајкула врз маж околу 11 часот, изјави службеничката во градот Јужен Падре, Ники Сото. На повредениот прво му била укажана помош од полицијата и пожарникарите.
Shark attack today on South Padre Island. A friend shared this with me this morning Warning Graphic#4thofJuly #Sharkbite pic.twitter.com/vKjWQezoJZ
— BubbaGreene (@money_bubby) July 4, 2024
Одделот за паркови и диви животни во Тексас подоцна соопшти дека две лица биле повредени во нападот на ајкулата и дека уште две „налетале“ на ајкулата, но дека повредите не се сериозни.
Едната од жртвите била пренесена во болница во Браунсвил, а другата е пренесена понатаму на лекување.
Врз основа на извештаите на сведоците и сликите на социјалните мрежи, капетанот на рибарството, Крис Дауди, рече дека се верува дека е одговорна само една ајкула, долга околу 1,8 метри.