Лидерот на ДУИ, Али Ахмети со патриотска песна го „штима гласот“ пред вечерашниот митинг на партијата во скопски Чаир. Ахмети е во друштво на косовскиот пејач Илир Шаќири.
Во опис на видеото Артан Груби пишува „Нацијата е прва меѓу нас вечерва! Заедно за ЕУ.“
Груби вчера на Фејсбук го најави вечерашниот митинг што ДУИ ќе го одржи во Чаир и вети „невиден спектакл, особено за младите“.
„Не пропуштајте, зашто потоа ќе барате да слушнете од другите како беше да се биде дел од историскиот митинг каде ќе се гради иднината“ – напиша тој.
Денешниот собир во Чаир е закажан за 19 часот кај спортската сала „Шабан Трстена“.
Според премиерот Димитар Ковачевски, денешниот митинг спаѓа во опсегот на нормални активности на секоја политичка партија и во тој контекст тој им посака успех на интегративците.