638
Претседателот на Албанија Илир Мета вчерапрестојуваше во Скопје по повод Денот на албанската азбука.
Во придружба на видни функционери на ДУИ, меѓу кои и Али Ахмети, претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, вицепремиерот Бујар Османи и други, тој прошета низ Старата чаршија.
За време на прославата тие го гестикулираа двоглавиот орел, односно албанското знаме.
Според видеото во симулирањето на двоглавиот орел најтешко им беше да ја направат гестикулацијата со рацете на претседателот на ДУИ, Али Ахмети и пратеникот Реџаил Исмаили.