446
Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера остварија работна посета на Граничниот премин „Богородица” по која дадоа изјави.
Интересно е што Агелер во оваа прилика зборуваше на македонски јазик. Ја започна својата изјава на македонски, а потоа продолжи на англиски јазик.
Изрази гордост и задоволство од исклучителната соработка меѓу САД и Република Северна Македонија, за позитивните и видливи резултати од таа соработка, за што упати благодарност до министерот Спасовски.
Агелер ја презеде функцијата амбасадорка на САД во С. Македонија на 8 ноември 2022 година.