Високиот адмирал на НАТО ги повика бизнисмените да подготват „воено сценарио“ и да го прилагодат своето производство и дистрибуција за да бидат помалку изложени на уцени од Русија и Кина.
– Ако сме во состојба да ги обезбедиме сите производи и услуги, тоа е клучен дел од нашето одвраќање – изјави шефот на воениот комитет на НАТО, холандскиот адмирал Роб Бауер.
Тој посочи дека одвраќањето вклучува повеќе од само воени способности, бидејќи сите достапни инструменти се користат во војна.
"I am absolutely sure if the Russians did not have nuclear weapons, we would have been in Ukraine, kicking them out. But they have nuclear weapons, so it's not the same as in Afghanistan."- Chair of the NATO Military Committee Rob Bauer. pic.twitter.com/pa76bEjHkb
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 13, 2024
– Сведоци сме на се повеќе саботажи и тоа Европа веќе го доживеа во снабдувањето со енергија. Мислевме дека имаме договор со Гаспром, но всушност имавме договор со Путин – рече Бауер.
Тој предупреди на зависноста на Западот од Кина, која доаѓа од 60 отсто од ретките метали и каде 90 отсто од нив се обработуваат.
– Бизнисмените од Европа и Америка мора да разберат дека деловните одлуки што ги носат имаат стратешки последици за нивните земји. Бизнисмените треба да подготват воено сценарио и да го приспособат своето производство и дистрибуција на него. Армијата добива битки, а економиите добиваат војни – нагласи Бауер.