130
Рамазан Демир (25) од турскиот град Коња го застрелал автомеханичарот Мехмет Јилдиз (29). Мотивот за убиството е најверојатно одмазда, на која Демир чекал дури 13 години.
Имено, Јилдиз во 2010 година во тепачка го избодел братот на Демир, кој од повредите останал неподвижен.
Демир чекал Јилдиз да си замине од работа, а потоа притрчал и го застрелал во стомакот. Кога ранетиот паднал, убиецот испукал уште пет куршуми во градите, а потоа го напуштил местото на настанот.
Локален дуќанџија се обидел да го реанимира Јилдиз додека не пристигнала брзата помош, но тој починал и покрај напорите на лекарите во блиската болница.
Демир набргу потоа бил уапсен.
— Pluton (@Pluton45873221) December 23, 2023