Девојчето Сумаја Вушах (11) е една од најмладите новинари во Газа кои известуваат за Палестинците.
Во интервју за Ал Џезира, девојчето рече дека не се плаши да известува од завојуваниот Појас Газа, каде од 7 октомври досега во израелските напади се убиени повеќе од 100 новинари.
„Мајка ми и татко ми беа загрижени кога почнав да известувам бидејќи знаеја дека новинарите се цел. Но, видоа дека сакам да го направам тоа и дека сум одлучен, па ми дозволија“, изјави 11-годишното девојче за Ал Џезира.
Meet Gaza’s 11-year-old war reporter Sumayya Wushah, who says she was inspired by Shireen Abu Akleh to tell Palestine’s stories. pic.twitter.com/a7vB99nkqa
— Al Jazeera English (@AJEnglish) February 27, 2024
Сумаја вели дека била инспирирана да ги раскаже приказните за Палестинците во Газа од репортерот на Ал Џезира, Ширин Абу Аклех, ветеран новинар кој бил убиен од израелски снајперисти во Џенин.
„Уште пред војната сонував да станам новинар и сакав да се докажам пред светот. Мојот пример е Ширин Абу Аклех. Господ да ја помилува. Сакав да работам како таа”, рекла девојката.
Таа вели дека кога ќе излезе од дома, им кажува на мајка си и на татко си дека „се надева на Бога“.
„Не знам дали ќе бидам мета додека одам на терен, се враќам или дури снимам“, вели 11-годишното девојче.