Ѓоковиќ по победата во Рим: За среќа добив повеќе мечеви во кои имав тешки моменти, отколку што изгубив

by Fokus
Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров се сретнаа во натпреварот од 3.коло на АТП турнирот во Рим. По завршување  на тој многу интересен дуел во кој Ѓоковиќ го победи Димитров,  вака ги сумираше своите впечатоци:

„Играв многу солидно. Можев да победам со 2:0, бидејќи во вториот сет водев 4:2, а тој го промаши тој форхенд на мрежата. Сепак, направив двојна грешка, тој направи брејк, па навивачите застанаа на негова страна.  А, таа енергија од трибините го сврте текот на натпреварот и малку ми падна нивото на игра. Но, за среќа веднаш го најдов вистинскиот ритам на почетокот на третиот сет. Се покажа дека брејкот на стартот на тој дел беше клучен и можам да кажам дека сум презадоволен како го завршив овој дуел“, изјави Ѓоковиќ.

Прашан од новинар од Тенис ТВ што би можеле да им кажат на децата кои гледаат, кои играат тенис и гледате човек кој се истакнува и кога е тешко, тој рече:

„За моја среќа, добив повеќе дуели во кои бев во тешки моменти отколку што загубив. Но, многу од натпреварите ги изгубив. Особено на почетокот на кариерата, од најголемите ривали. Секогаш кога, во тие први години, требаше да го направам тој клучен чекор, да влезам во финале или да освојам слем, не успеав во тоа.

И тогаш научив многу. Станав посилен поради тие ривалства што ги имав со Федерер и Надал, но и со Мареј. Треба да останете на вистинскиот пат, да бидете трпеливи, да верувате во процесот во кој се наоѓате. Важно е да се разберете себеси, затоа што секој е уникатен, затоа треба да разберете што работи добро за вас, што, е вашата формула за успех, психолошки, но и физички и емоционално, а потоа треба да се држите до неа“,  рече Ѓоковиќ.

Поврзани новости