Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одржува внатрепартиски избори за консолидација на нејзините партиските тела во 14 ограноци со примена на демократскиот принцип „еден член, еден глас“.
– По успешно завршениот процес на регистрација на членството, проверката и објавувањето на кандидатурите и изборната кампања на кандидатите што завршува денес (петок, 30 јуни), во недела го повикуваме членството на Демократската унија за интеграција слободно да се изјасни за новото раководство на ограноците во Бутел, Чаир, Дебар, Јегуновце, Кичево, Крушево, Куманово, Липково, Битола, Петровец, Пласница, Преспа, Шуто Оризаре, Велес, се наведува во соопштението од ДУИ.
Во текот на овој изборен процес се гласа за избор на претседатели на ограноци, членови на раководството на ограноците, претседатели на локалните подограноци и членови на раководството на локалните подограноци, процес кој ќе го води Партиската изборна комисија.