379
Претседателите на Македонија, на Албанија и на Косово, Стево Пендаровски, Бајрам Бегај и Вјоса Османи попладнево во амбасадата на Косово открија биста на Мајка Тереза, симболично застанувајќи зад неа како наше заедничко историско богатство.
На откривањето на бистата присуствуваше и спикерот на Парламентот Талат Џафери кој објави на социјалните мрежи пост во кој се вели:
Откривање на бистата на Мајка Тереза во просториите на Амбасадата на Република Косово во Република Северна Македонија. Присуството на тројката претседатели Пендаровски, Османи и Бегај е најскапоценото наследство што можеме да им го оставиме на новите генерации кои ќе продолжат да ги градат новите мостови на соработка во регионот и пошироко.