Вевчани го откажа забавниот дел од манифестацијата, поради смртта на младото момче во сообраќајна несреќа

by Fokus

Градоначалникот на општина Вевчани изјави дека поради загинувањето на младо момче во сообраќајна несреќа, се откажува забавниот дел од карневалот.

– Трагедијата што се случи сношти во Вевчани, сообраќајна несреќа, погина млад член на Вевчани, жител на Вевчани. Улиците на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани нѐ потресуваат. Вечерашниот концерт е откажан“ рече Кочовски.

Тој додаде дека Вевчани го чека цела година овој ден, но, не на ваков начин. Кочовски рече дека дефилето ќе се одржи во некоја минимална форма.

Како што соопшти МВР, ноќеска, околу 1.20 часот, автомобил со вевчански регистарски ознаки, управуван од М.М. (19) од Вевчани, излетал од регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко. Возачот загинал во несреќата. Станува збор за синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

Поврзани новости