Претседателот на Здружението на ветераните на ОНА, Бесим Хода во изјава за Алсат реагира на изјавата на Стојанче Ангелов дека Али Ахмети е подготвен да разговара за обесштетување на бранителите.
Тој му порачува на Ахмети пред да ги обесштетува бранителите, треба со закон да го регулира статусот на воените ветерани и семејствата на загинатите припадниции на ОНА, чиј водач бил самиот Али Ахмети.
-Бранителите во рок од 22 години неколку пати ги остварија своите права со уставни амандмани или дополнителни членови. Македонски воен инвалид добива 1.500 евра, за секој загинат Македонец семејството добива 800 евра, а нивните деца по 150 евра со што се стигнува до висока плата. Она што уште повеќе се игнорира и боли е фактот што не само што никогаш сериозно не се направи обид за решавање на статусот на ветераните на ОНА, семејствата на загинатите и воените инвалиди, туку тоа што до ден денес во Уставот на Македонија, земајќи директно од југословенското законодавство, ние сме третирани како терористи и како криминалци“, вели Хода.