Низ странските портали и на социјалните мрежи се рашири веста за пресудата од Апелицискиот суд во Скопје, со кој се потврди казната од 9.000 што главниот уредник на „Фокус“ Јадранка Костова и новинарот Владо Апостолов треба да му ја платат на директорот на УБК Сашо Мијалков за нарушен углед.
Се шири и веста за собирањето донации што го иницираше Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и ги повика сите граѓани да помогнат да се плати казната.
Global voices пренесува текст на англиски и на руски јазик, во кој целосно се опишува текот на настаните во судскиот процес што Мијалков го поведе против Фокус – дека станува збор за пренесена изјава од поранешниот чешки амбасадор Игор Илиевски и дека Македонија во целост назадува во однос на слободата на изразувањето.