Вест за исчезнатата Вања Ѓорчевска објави и грчка невладина организација за заштита на децата

by Fokus

Грчката невладина организација „Насмевката на детето“, чија главна цел е заштита на децата и нивните права, на официјалниот фејсбук-профил објави пост за исчезнатото 14-годишно девојче од Скопје, Вања Ѓорчевска, јави дописничката на МИА од Атина.

Во објавата се споделени сите информации – околу личниот опис на девојчето, облеката што ја носела на денот на исчезнувањето, како и официјалното соопштение од македонското МНР. А објавена е и фотографија.

„Насмевката на детето“ е најголемата и единствената непрофитна организација за заштита и помош на децата во Грција, а меќу активностите е и Амбер алерт Грција за исчезнати деца, како и националната линија СОС за помош.

Поврзани новости