997

by Фокус

ГРИЖА ЗА СЕМЕЈСТВОТО
Неспорно е дека директорот за јавна безбедност Митко Чавков е цел живот на служба во МВР, но, исто така, факт е и дека најголем напредок во хиерархијата на полицијата прави токму во последните неколку години, кога се зголеми имотот на неговото семејство

ПОЛИТИЧКИ ХИРУРГ
Со своите 35 години, Тодоров беше директор на Агенцијата за катастар, смени две министерски функции, успеа три години да владее со образованието и веќе три години го „лекува“ здравството. Но, тука не застануваат неговите амбиции. Долго време се шпекулираше дека ќе стане прв полицаец или, пак, наследник на Груевски

ДУИ И БОМБАТА
Лидерот на СДСМ неколкупати повтори дека доказите што ги има се „сензитивни за меѓуетничките односи“ и дека ќе го нарушат „угледот на Македонија“. Но, прашањето е дали ќе го натераат Ахмети да ја прекине коруптивната братска дружба со Груевски

ПРЕРОДБЕНИЧКИ БАСКЕТ
Дали фуриозната игра на последниот натпревар и резултатската доминација на Работнички беа причина МЗТ да се исплаши дека нема да биде фаворит во првенството? Дали со тоа ќе „потонеше“ проектот МЗТ зад кој стои општина Аеродром на Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ, но и Владата со своите постапки и јавната поддршка?

„ФОКУС“ ГО МЕНУВА УСТАВОТ
„Фокус“ се вклучува во сенародното движење за уставни измени и дополнувања. Ќе добиеме преродбенички Устав, ем проширен и надграден, ем демократски и интегриран. Уставот е највисок правен акт во државата. Но, уште поточно е дека ништо не е толку многу доволно високо, за да не може да биде пониско од власта

ШВЕДСКИ ОРБАНОВЦИ
Шведските демократи сметаат дека во државата има премногу имигранти и дека нивниот број негативно влијае врз социјалната и економската состојба на граѓаните, па дури и врз шведскиот идентитет. Тие би им ја ускратиле автономијата на Лапонците, никогаш не би го прифатиле еврото и би го преиспитале членството на Шведска во ЕУ

ПЧЕЛИ И МУВИ
Субрата дојде и отиде. Ама овие што ни го донесоа уште се тука. Не е страшно што Субрата испадна дека бил преварант. Страшно е што овие нашиве на одговорна позиција не го препознаа навреме дека е преварант. Или, ако го препознале – ништо не ни кажаа нам

Колумнисти:

ЏАБИР ДЕРАЛА
Колку ниско може да падне една земја? Сигурен сум, има и пониски гранки на кои можеме да спаднеме. Имаме бескрајни можности и капацитети да го направиме нашето секојдневие уште потажно, посурово и понесигурно. Исплашена, осиромашена и изманипулирана толпа безнадежници можат да направат само беља

ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ
Ако опозицијата има нешто што ќе го натера премиерот да се повлече, зошто бараат преговори со него?! Не знам што е бомбата, ама што и да е, ништо не е штетно повеќе од тоа Груевски да биде премиер на Македонија и во 2015 година

СИНОЛИЧКА ТРПКОВА
Насобраната и погрешно насочена фрустрација секогаш избива како канализација, што никој „не знаел“ оти била затната. Предизвикана од дома, од семејството, во најлош случај таа може да создаде сериски убиец.