РИЗИЦИТЕ НА ПОКОРНОСТА
Според еден научен експеримент, биле доволни само шест дена да се види како нормални луѓе се претвораат во садистички чувари или понизни затвореници. Ние, пак, и по 8 години не знаеме како да излеземе од овој „преродбенички“ филм.
КРАЛ НА БАКАРОТ
Украинска фирма ќе вложи 200 милиони долари во копање бакарна руда и ќе овозможи 500 нови вработувања. Токму едно од тие 500 вработувања, она на екс министерот за земјоделство и поранешен амбасадор во Киев, Ацо Спасеноски заслужува внимание
ИСПЛАТЛИВ БИЗНИС
Додека од МВР чекаме да си ги пребројат полицајците, ги пребројавме парите што се слеваат во буџетот од сите оние што сакале да станат полицајци. Ако секој кандидат мора да обезбеди документација вредна 1.200 денари, а има 20.000 пријавени кандидати, тогаш тие платиле над 400.000 евра
ДОСИЕ „АФИС“
Обвинителката задолжена за истрагата нема одговори од МВР – како полициските работници учествувале во опремување образовни лаборатории. За почеток може да го искористи влијанието на обвинителот Зврлевски. Но, колку тој навистина сака да ја открие одговорноста во МВР? Дали така нема да стигне до некого до кого не смее?
ВО СЕНКА НА ПОПУЛИЗМОТ
Прашањето не е што Брисел и Вашингтон прават за демократијата во Македонија и зошто ја толерираат диктатурата на режимот на ДПМНЕ, туку што прави СДСМ да ги привлече Европа, САД и НАТО да ѝ помогнат на Македонија да се демократизира
РЕТУШИРАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА
Монографијата на Факултетот за драмски уметности по повод 45 години од неговото основање од која беше избришано творештвото на најпознатите режисери, одненадеж е повлечена и сега наводно се подготвува ново издание
ВЛАСТА КЕШИРА ОД „СЛАВИЈА“
Преку Агенцијата за конфискација на имотот, Владата стана доминантен сопственик на некогашниот гигант за трговија, кој се уште заработува од имотот и во чие раководство доминираат кадри од ДПМНЕ. Тоа е причината што не може да се најде јунак меѓу извршителите што ќе ги наплати долговите на „Славија“ кон поранешните вработени
ЕКСТЕРНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е НАУЧЕН ФАЛСИФИКАТ
Во момент кога многумина негови колеги тивко го критикуваат екстерното оценување во основното и во средното образование, д-р Ристо Малчески, универзитетски професор по математички науки, аргументирано и во детали го разобличува циркусот, кој, според него, е само дел од рашомонијадата на македонскиот образовен систем
ЧЕКАН И ШАЈКИ
По осум години носење погрешни одлуки преродбенците се доведоа до ситуација единственото решение во рацете да им биде „чеканот“ на казните. Така, какво било однесување на граѓаните им личи на „шајка“, т.е. прекршок, криминал или грев, кој треба остро да се казни за да се пополни буџетот од казната
Колумнисти:
ЏАБИР ДЕРАЛА
Ова е слика за еден град, кој, за 25 години, од симбол на поделби и идеолошка тиранија, прерасна во симбол на слободата и непрегледно богатство од различности. Благодарение на широкиот поглед на неговите жители, на искреното соочување со минатото и со желбата да се живее во слобода и во постојано друштво со убавината. Среќен сум што постои Берлин.
СИНОЛИЧКА ТРПКОВА
Најтешко ми паѓаат неработните денови за славје среде недела. Изгледа единствените причини за овие прослави ги има власта, олигарсите, шефовите и директорите. Тие единствено имаат што да прославуваат, ама не ми е јасно зошто народот прифаќа да биде кловн и декорација на нивните прослави