995

by Фокус

КАЗНИ, ПА ВЛАДЕЈ!
Во изминативе шест години, казнената политика сѐ повеќе се заострува, поради што на граѓаните им е побезбедно да си останат дома и никаде да не излегуваат. Ако излезат, ќе заработат дневница од 5 евра, но и казна од 500 евра. Математиката е проста

ОРВЕЛ ВО МВР
Освен еден АФИС-систем за отпечатоци за лични карти и пасоши, во МВР незаконито завршила и лабораторија за компјутерско-форензичка опрема наменета за Факултетот за безбедност со која може да се следат сервери, компјутери и интернет комуникација на приватни фирми, институции, политички партии

НЕВИДЕНО ЛИЦЕМЕРИЕ
Луѓето од ЛГБТ заедницата по шести пат станаа цел на напади зад кои, како што велат, постојат двајца нарачатели во коалицијата на власт. Залагајќи се за уставна дефиниција на бракот меѓу еден маж и една жена, власта хипокритично го слави Александар Велики, кој имал повеќе жени, па дури и хомосексуална врска

КАЗНА ЗА СВЕДОКОТ
Да имавме нормален, а не мафијашки судско-полициски систем, т.н. заштитен сведок од случајот Ореше, Златко Арсовски сега ќе беше сведок против луѓе од полицијата, од ДБК, кои треба да завршат зад решетки поради заговорот, а не да заврши во притвор и да одговара за давање лажен исказ

СМРТ ВО БИТОЛА
Во „градот на конзулите“ се повеќе умираат луѓе отколку што се раѓаат, а се зголемува и бројот на заболени деца. Тука се наоѓа најголемиот произведувач на струја, но и емитувач на тешки метали во државата – „РЕК Битола“

ПРЕРОДБЕНИЧКИ ВРЕДНОСТИ
Не ми пречат вредносните судови на Миленко, од калибарот соросоиди, пијаница, дебељуца, педер, предавник… Она што ме вади од такт се неговите предавања за професионално и етичко новинарство. Особено што тие се поклопуваат со прогласите на Центарот за комуникации на ДПМНЕ

СЕЛСКИ БУКВАР
Ако силата на Груевски е во тоа што тој исклучително реално го гледа македонскиот народ, силата на опозицијата може и мора да биде само во тоа што уште пореално ќе го гледа македонскиот народ. Финтата е што Груевски, освен народот, и опозицијата ја има прочитано одамна

 

Колумнисти

ЏАБИР ДЕРАЛА
Добро дојдовте во оваа смрдлива крчма на крајот од светот… „Народот е нашата сила, идејата е нашиот двигател“ – читам секој ден на билбордот кога одам кон мојата канцеларија оставајќи го ГТЦ зад себе. Го вртам погледот на десната страна и проверувам дали сѐ уште му стојат гаќите на Прометеј. Таму се!

СТОЈАН АНДОВ
Објавувањето на моето интервју за „Катимерини“, сакале тоа некои да го признаат или не, е важен настан во односите меѓу двете земји. Жестоките напади врз мене и клеветничките намери во нив беа демонстрација на говор на омраза

СИНОЛИЧКА ТРПКОВА
Тоа што за едни е прифатливо, нормално и реално, за други е неприфатлив апсурд и луда надреалност. Исто како во култниот филм – „Лет над кукавичкото гнездо“, кога неколкумина умни и луцидни, се постојано казнувани за да „се научат на ред“ од моќниците на институцијата, кои покажуваат проблематично ментално здравје

ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ
На сајтот на Министерството за финансии има опција да поставите прашање до министерот Зоран Ставрески, инаку и кум на премиерот. Јас таа опција ја искористив и му поставив прашање, кое верувам дека премиерот често го прашува: Куме, каде отидоа парите?