992

by Фокус

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Што фајде што Брисел ќе нотира дека тужбите за клевета од политичари против новинари создаваат притисок врз слободата на изразување? Небаре Фамилијата на власт око нема да склопи од ваквите пораки. Напротив, секој ваков абер ги стимулира за уште покреативна одмазда.

БОМБАТА НА ЗАЕВ
Лидерот на опозицијата ја крена високо летвичката, па јавноста од СДСМ очекува афера за криминал во врвовите на власта многу потазе и многу поачик од оној во „Македонска банка“. Ќе биде уште поважно доказите да бидат јасни, недвосмислени и несоборливи!

МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО ВЕТЕР
Доколку 2,4 милијарди евра, нови долгови од 2008 до 2014, власта ги вложеше во инфраструктурни проекти, досега Македонија можеше да има автопатска мрежа, нова термоцентрала, гасификација и пруга кон Бугарија. Арно ама, владата имаше други приоритети!

СИКТЕР ЗА ПРОФЕСОРИТЕ
Откако владата воведе масовно студирање и отвори факултети во секое село, сега се посомнева во штанцањето дипломи и реши да ги селектира студентите со државни испити. Студентите ќе го полагаат тестот, ама оценката веќе одамна е одмерена за партиски неподобните професори

НЕПОДОБНИ „ШПИОНИ“
Помпезно најавуваниот процес „Шпион“ неделава заврши со високи казни за обвинетите. Дали власта го искористи случајот да расчисти со своите довчерашни сопартијци, генерали и разузнавачи, кои во меѓувреме станаа неподобни и непослушни?

СУДСКА КОРУПЦИЈА
Една четвртина од „ситната корупција“ се одвива во судството. Постојат две адвокатско-обвинителско-судски спреги, кои гарантираат судски епилог во корист на странката, како и неформални тарифи до неколку десетици илјади евра за укинување на притворот и за условниот отпуст

ЕГЗОДУС НА БЕЛИТЕ МАНТИЛИ
Само во последните три години, 630 лекари побарале потврда од Лекарската комора за работа во странство. Бројот на лекарите што си заминуваат алармантно се зголемува, а министерот Тодоров чии реформи не можат да помогнат, почна да „увезува“ лекари од Србија

АКО НЕ ГО ПРИСЛУШУВААТ, ЗНАЧИ ДЕКА НЕ МУ СЕ ПЛАШАТ
Заев ич не треба да се нервира што го прислушуваат ако навистина го прислушуваат – тоа значи дека е на добар пат, штом власта почнала да се плаши од него. Ако не го прислушуваат, тоа е лош знак – дека не го есапат за битен фактор!

 

Колумнисти:

СТОЈАН АНДОВ
Моите критичари не се ни обидоа да ја одбранат основната теза на Глигоров дека ние сме Словени, туку се нафрлија на мене, што значи дека не ја разбрале ниту дејноста на Глигоров, ниту мојата интервенција

ЏАБИР ДЕРАЛА
На разгледницата што ви ја испраќам пишува „од Русија – без љубов“. Поттикнат сум од неправдите што им се случуваат на руските граѓани што ја имале несреќата да бидат цел на грозниот режим на Путин, кој го смета за провокација проширувањето на НАТО, кое ја опфаќа и Македонија. Ало, Бајконур! Овде Земја!

СИНОЛИЧКА ТРПКОВА
Каква иронија – да ја отапиш публиката до бесвест со „наменски програми“, за да можеш да се гордееш со нејзината лоботомираност! Оваа власт свесно и намерно одржува медиумско дно, го оневозможува квалитетот, а ја поттикнува глупоста

РАМАДАН РАМАДАНИ
Самотијата на граѓанинот спроти државата е тажна, но не и најтажната работа. Неправдата е кога дневната доза инсулин за дијабетичари треба да зависи од седмични или од месечни комисии на министерства, а владата директно за себе секоја година сѐ повеќе пари предвидува за дневни потреби

ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ
Државата беше изолирана. Диктаторчето мува не го лазеше. Тој имаше свој сон да продолжи да владее и екстремно да се богати, додека народот гладуваше. Низ сите тие години диктаторчето го прогонуваше само еден кошмар: Му се собрале стотици илјади луѓе пред Собранието и куќите од каде што излегуваше неговата пропаганда!