989

by Фокус

МАЈТАПЧИИ ДО БАЛЧАК
Каде е македонската кинематографија денес наспроти, таа пред 30 и кусур години? Зошто главна тема ни се Турците и комитите, наместо актуелниве „војводи“, ем „јаничари“? Каде е инаетот на македонскиот уметник?

ХОРХЕ Е КАПИТАЛНА ИНВЕСТИЦИЈА НА СОРОС
Соросовата фондација има барем една капитална инвестиција – Ѓорге Иванов. Човекот си бил член на УО, па троа капела паричка. Толпата новинарски драскачи нека истражи колку зел, а потоа нека ги претвори доларите во капитални објекти.

ШТО КРИЕ ГРАДОТ СКОПЈЕ ЗА НОВИТЕ СПОМЕНИЦИ?
Што донирало здружението на Ташко Јованов – пари или споменици? Дали невладината организација која се споменува како донатор на спомениците е искористена само како параван?

УСЛОВИТЕ ВО „ИДРИЗОВО“ ПОВЕЌЕ ОД МИЗЕРНИ
Условите во затворите низ државата се нечовечки и мизерни. Сепак, секогаш кога ќе помислиме дека сме го допреле дното, излегува уште едно дно. За лошите услови сведочат и фотографиите во Фокус.

АДВОКАТИТЕ ВО НАПАД, НОТАРИТЕ ВО ОДБРАНА
Конфликт на адвокатите и нотарите. Првите сакаат нивниот печат да стане задолжителен на секој документ пред да оди на заверка кај нотар, вторите, пак, мислат дека ќе им се земе дел од заработката.

ВЛАДИНИ РЕКЛАМИ ЗА ТЕРОР ВРЗ МЕДИУМИТЕ
На 4 Октомври, радио Канал 77 ќе одбележи 23 години. Основачот Гаврилов зборува за отпорот на кој наиде радиото, за улогата на одделни политичари, за директниот упад на владините реклами.

ОСВОЈУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ
Сега на нишан на владејачката парија не им се само националните, туку и регионалните и локалните медиуми. Сѐ се одвива по одредена шема! Веќе се спремаат неколку нови телевизии.

НАРОД ШТО ДЕНЕСКА НЕ ГРИЗЕ, УТРЕ ЌЕ ПАСЕ!
Жорж Кивие разбирал дека животното што има рогови нема да го изеде, оти сите рогати суштества се тревопасни. Оваа власт знае дека народ што дозволил да му се набијат рогови нема да се побуни ни кога јарем околу вратот ќе му се стави.

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Основата и корените на државата ги претставува антифашизмот. Кога се напушта таа основа, кога во втор план се доведува НОВ, се губат коренот и основата на Македонија како држава.

Синоличка ТРПКОВА
Политиките на оваа власт не ја зацелија скршената кичма на Македонецот и не го направија ниту похрабар, ниту посмел. Но, чија е тогаш крвничката омраза што рика меѓу нас, како лав? Од кај дојде таа?

Рамадан РАМАДАНИ
Така и Македонија, поради тоа што е држава, некој претпоставува дека има влада, премиер, политика, односи со соседи и јавно мнение. Не ќе да е. А ЕУ и НАТО гледаат вчудовидено како Жилиет Бинош на црвениот тепих.

Џабир ДЕРАЛА
Ќе испукам рафал од прашања на кои сите имаме одговор, но никако да го слушнеме во јавноста, а уште помалку да видиме постапки кои ги спроведуваат во дело принципите на човечност и правда.

Џелал ХОЏИЌ
Кога ќе се направи анализа на вестите и на пристапот кон политичките партии на неколку медиуми може да се заклучи дека тие медиуми не си ја извршуваат општествената обврска, туку се пристрасни.