СДСМ БАРАШЕ РЕШЕТКИ, ВМРО-ДПМНЕ ПРОФИТ
Тужбите за клевета и навреда им тргнаа од рака на владејачките функционери. Има околу 40 тужби за клевета, тешки 760.000 евра. Опозиционерите, ем останаа без правда, ем го обраа бостанот!
НА СИН МИ МУ „ПРЕСУДИ“ ЗДРАВСТВОТО
Михаило Радивојевиќ починал на скопската Клиника за хематологија. Неговата мајка тврди дека тој пет месеци бил шетан од клиника на клиника, без точна дијагноза и соодветна терапија. За Фокус ја раскажа својата приказна.
ФИНАНСИСКИ ЗОНИ ЗА ЦРНИОТ КАПИТАЛ
Преку финансиските зони во Македонија ќе се враќа црниот капитал изнесен од поединци од власта. Вака во интервју за Фокус размислува поранешниот мнистер за финансии Никола Поповски.
ГРУЕВСКИ ЈА „УНИЈАТИ“ МПЦ СО ОЛИГАРСИТЕ НА ПУТИН
Ќе прифати ли МПЦ да биде призната како самостојна Охридска архиепископија, иако ваков руски предлог владиците еднаш одбија? Или можеби Груевски, геополитички дезориентиран, само се обидува да му се додвори на Путин!
ДУЌАНИ КОЛКУ САКАШ, (ЗА)КУПЦИ НЕМА
Во ситуација кога Македонија е една од најсиромашните држави во Европа, чии граѓани имаат петпати пониска куповна моќ од европскиот просек, во земјава масовно се градат нови модерни трговски центри.
ОД ТИТОВИ ПИОНЕРИ ДО ГРУЈОВИ ПЕНЗИОНЕРИ
Поради децениите што ги делат двата режима, едните и другите се во голема мера истите луѓе. Оние кои беа некогаш верни Титови пионери, денеска се уште поверни Грујови пензионери!
Колумнисти:
Ана ПАНОВСКА
Драги мои сдсмовци, стегнете заби, направете една груба ревизија, па што е ваше да си го признаете, да се поклоните длабоко пред овој народ и да побарате прошка. Ама кукавичкото јајце на ВМРО-ДПМНЕ исфрлете го од вашето гнездо.
Синоличка ТРПКОВА
Обидете се да го кажете слободно она што го мислите, како се чувствувате, како го доживувате ова секојдневие, што ви пречи и што навистина сакате, а што не. Тешко е, нели?
Рамадан РАМАДАНИ
Улогата на сеирџија не е никогаш политички оправдана, тоа се покажа и со примерот што им се случи на ДУИ и на ДПА последователно откако си гледаа само сеир за 24 декември. Затоа опозицијата не треба да ја има оваа улога.
Џабир ДЕРАЛА
Откако сите неволји останаа во минатото, мене ми остана да проговорам за една дреболија: оружјето. Денеска ви ја откривам цената на животот…
Џелал ХОЏИЌ
Со што тоа Русија во историјата ги има задолжено Македонија и нејзините граѓани? Каков ќар некогаш Македонија видела од Русија, па ние сега да ја отфрламе Европа и да навиваме за путинска Русија?