980

by Фокус

ОПОЗИЦИСКИ ЛЕТЕН РАСПУСТ
Дали Русите, Американците и Британците ќе ја победеа германската армада во Втората светска војна ако на тенковските десанти возвраќаа со петарди, и повремено со по некоја рачна граната!?

ИМА ЛИ ШЕРИФ ДА ГИ ЗАУЗДА БАНДИТЕ?
За да остварат профит, насилството го користат како алатка. Мала група криминалци го тероризира локалното население во Владевци. Немоќни да им се спротивстават, жителите со години страдаат и молчат.

СУБРАТА ВО ПРИТВОР, ГОСПОЃА РОЈ МАКЕДОНКА!
Субрата Рој ги користи сите можни механизми за да ги спречи индиските органи да трагаат по црните пари што ги контролираат неговата сопруга и синот. Но, зошто македонската власт го дозволува тоа?!

РЕКТОРОТ Е СИЛА, ДЕКАНОТ Е МОЌ!
Се упативме кон Штип да видиме како избрканите професори ги поминуваат деновите, како и каде се сместени, дали некој ги посетил за нормално да ја кажат својата страна на приказната.

ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИЦИ ПОМНОЖЕНИ СО НУЛА
Марихуаната, всушност, била див коноп, а наводното кривично дело само фатаморгана. Надуените судски случаи, пукаат како политички монтирани балони. Наводни криминалци, а всушност, политички жртви.

ПЕТТЕ ЕВРОПСКИ АВТОКРАТИ
Зафатена со последиците од светската криза и порастот на национализмот, европската политичка елита немо ги посматра тоталитарните бравури на петте европски автократи. Кои се тие?

НАДЕЖТА КАКО ПОСЛЕДНО ОРУЖЈЕ
Кој го држи рендето – тој ја прави салатата, па сѐ додека кај Груевски е „рендето“, тој од опозицијата редовно ќе прави „салата“ на секои избори.

СО БРЗИНА НА ПОЛЖАВ, БРОДОТ ЌЕ СЕ НАСУКА!

Меѓународната машина се забревтува и забрзува. Кај да е, ќе „меле“. Со тоа, можни се позитивни разврски на Западниот Балкан, се разбира, и со Македонија. А и насуканиот брод „Македонија“ ќе го отсукаат.

 

Колумнисти:

Џабир ДЕРАЛА
Пред четири години речиси исти изјави слушнавме и од американска и од македонска страна. Но, нештата се променети. Ако претходно критиките беа упатени со рокови, денес тие рокови се истечени.

Синоличка ТРПКОВА
Станавме заложници во сопствената земја. Како да живееш во војна и при секое излегување од скривница да ја бакнуваш земјата од благодарност дека си преживеал!?

Рамадан РАМАДАНИ
Ако ДУИ веќе решила да стравува, нека не се занимава со анонимни пцости упатени кон конкретни личности, туку нека погледне таму од каде што и ќе ѝ биде издаден изводот од матичната книга на умрените албански партии.