976

by Фокус

ГЛУМАТАЊЕ
Од потезите што се влечат можат да се заклучат две работи. Прво, на Груевски не му е сеедно дали ќе ја нема опозицијата во парламентот. И второ, ниту на Заев му е сеедно дали неговите ќе продолжат со институционална или со битка од улица.

ТАКТИКИ ЗА ЗАГЛУПУВАЊЕ НА НАРОДОТ!?
Поистакнатите пропагандистички перјаници имаат света должност да доработат нешто што дури и Центарот смета дека не му доликува. Демек, оној е педер, тој пие, овој прди и ждрига, а на друг му смрдат мишките.

„ФРИДОМ ХАУС“ СО ШЛАКАНИЦА КОН ВЛАСТА
„Тврдењето на власта дека се крие нешто злобно во ’парите од Сорос‘ е мизерна и недолична тактика. Уште полошо е кога ваквите тврдења доаѓаат од претставници на медиумите!“

КАКО ГРУЕВСКИ ГО КИДНАПИРА НАРОДОТ?
ВМРО ДПМНЕ го зграпчи народот, го фати за гуша, не му дава да дише. Регрутира партиски активисти од основно училиште до старски дом. Движењето голта во своите редови сѐ што се движи, се раѓа и расте во Македонија.

И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ИМА „ПЕРДЕ“
Скандалот „Перде“ ќе доживее годишнина откако во „Фокус“ беа објавени првите случаи на лошо изведени оперативни. Ситуацијата станува уште поалармантна. Што чека министерството?

КОЈ ЌЕ СПЕЧАЛИ ОД НОВИТЕ АВТОПАТИШТА!?
Главната дилема е дали Македонија можеше да ги изгради автопатиштата порано и поповолно, како и други држави од соседството, или, пак, треба да биде среќна што конечно се почна со градење?

МВР ТЕ ТУЖИ, МВР ТИ СУДИ
Во отчетите, покрај стандардната колона „ветено ‒ остварено“ и омилената „неветено ‒ остварено“, се редат акции кои полицијата си ги смета како да се завршени и како пријавените да се во затвор!

СОМАЛИЈА И МАКЕДОНИЈА НЕПОПИШАНИ, А ОТПИШАНИ!
Откако во 2011 година го освоивме и првото место по мизерија во светот, сега уште еднаш сме крунисани. Го делиме првото место со Сомалија, како две држави во светот кои немаат спроведено попис на населението.

НЕПОТКОВАНА ОПОЗИЦИЈА ПРОТИВ НЕЗАУЗДАНА ВЛАСТ
Колку што сегашнава ВМРО-ДПМНЕ личи на некогашниот СДСМ, толку повеќе и сегашниот СДСМ потсетува според наивноста и беспомошноста на некогашната ВМРО-ДПМНЕ.

КАКВА НОВА ВЛАДА, КАКВИ БАКРАЧИ!
Тимот кој двојно победува не се менува! Тоа што Македонија не го менува тимот поради кој губи, а македонските граѓани остануваат поразени, е прашање кое не заслужува одговор.

 

Колумнисти:

Синоличка ТРПКОВА
За оваа власт отпрвин мислев дека е млада и неискусна, но дека има чесни намери. На крај, ми стана јасно дека тие се само извршители на наредби и дека нивниот единствен интерес е личниот, а не земјата.

Џелал ХОЏИЌ
Опозицијата нека им ја отвори вратата за влез на сите оние кои сакаат да одат по потешкиот, но и единствениот пат кој води кон посакуваната цел – ослободување на Македонија од фамилијата на власт.

Џабир ДЕРАЛА
Како и да е, пак ќе има владина криза и наместо делумни нерегуларни избори, може да добиеме целосни, подеднакво нерегуларни избори. На оваа точка ќе се спојат политичката криза со етничките тензии.