975

by Фокус

ВЛАДА ВО СЕНКА НА ГРУЕВСКИ
Сериозни се шансите Груевски да оствари нешто што не ветил на избори. Ќе формира влада во сенка. Редакцијата на „Фокус“ со тајно гласање стокми дрим-тим на влада во сенка по мерка на Груевски!

МНОГУ МИНИСТРИ, МАЛКУ ФАЈДЕ ЗА ЕКОНОМИЈАТА
Дали ќе ја градат Македонија како неоколонијална држава, или ќе градат Македонија како земја во која владее правото, политиката е стабилна, безбедноста неприкосновена? Таму е вистинската економија!

СЛОБОДАТА НА МЕДИУМСКИОТ ТЕРОР!?
Медиумската слобода за која денес иронично зборува премиерот, изгледа се состои во тоа што успеа да му ги украде на Црвенковски првите дворски телали-пропагандисти и со нив сега мафта како со воени трофеи.

ВЛАДАТА ПРАВИ ШТО САКА, НАРОДОТ ТРПИ ШТО МОРА
Во Македонија да бидеш во опозиција е исто како да си труден! Имено, не може да биде некоја жена само малку трудна. Оти или е бремена или не е бремена. Исто и со опозиционерството.

ДОКТОР БАРАЛ 4.000 ЕВРА, МОМЧЕТО ПОЧИНАЛО?
19-годишно момче од Прилеп, со тешки повреди, било донесено на скопските клиники. Дежурниот лекар таа вечер, според тврдењата на таткото на момчето побарал пари пред операцијата.

УСТАВНИОТ СУД НА КОЛЕНА!!!
Очигледната наклонетост на некои уставни судии кон власта се констатира низ две призми. Едната е преку законските решенија, кои се одобруваат, а се косат со Уставот, а другата преку персоналниот состав на судот.

ЌОТЕКОТ ИЗЛЕГОЛ ОД РАЈОТ!
Примери за полициска бруталност има многу, но не и за нивни институционални завршници. „Фокус“ пренесува сведоштва дека се тепа и во затворите, полициските станици, но правдата, се дели само на улица.

МИНИСТРИ ПО МЕРКА!
ВМРО-ДПМНЕ ги задржа старите министри, ДУИ промени половина од нив. Првите добија влада каква што посакуваат, вторите се закануваат дека ќе има нови предвремени избори!

КУПИ ПОСКАПО, ПРОДАЈ ЕВТИНО!
Груевски може да сотре кој било од сдсмовските ѕверки, и со нивниот скалп да се џилита во борбата против корупцијата. Сепак, еден ден нема да може да избега од истата судбина!

 

Колумнисти:

Џабир ДЕРАЛА
Како нивните души да се кујнска плотна што може да се избрише со крпа за да биде чиста. Така се однесува оваа земја кон своите деца, а нивните родители ги претвори во соучесници.

Синоличка ТРПКОВА
Не сме научиле ништо штом една дузина врачови нѐ научија дека постоењето треба да ни биде заснованo на мразење, крадење, и млатење празна слама за нашата умислена големина – од магарешки инает!

Џелал ХОЏИЌ
Можат да стават 101 министер без ресор, задолжени да носат инвестиции. Можат и да го удвојат рекламирањето на државата како инвестициски рај, ама сериозен бран на инвестиции нема да има!