973

by Фокус

НЕВЕТЕНО, А ОСТВАРЕНО!
Верувајќи во ПР-овската машинерија црното да го претстави бело, а белото црно, за очекување е „проектот“ еврообврзница 2015-та, да биде јубилеен 2015-ти проект во програмата на Владата. Неветено, а остварено!

ГРУЕВСКИ БАРА ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ОД ЗАЕВ!!!
Со тужбата Груевски бара неверојатни 500 илјади евра отштета од Заев. Висината на сумата е одраз на револтот што го предизвикал кај Груевски, или постои и намера за финансиско исцрпување на опозицискиот лидер.

НИТУ ДА ТЕПАШ, НИТУ ДА ПЛАЧЕШ
Судот повторно удри по новинарите, иако сега тие беа во улога на тужители, а на обвинителната клупа беа седнати министерот Ставрески и „Вечер“. Новинарот не смее ниту да тепа, ниту да плаче кога ќе биде истепан.

СТАВРИЌ НАМЕСТЕН ОД СВОИТЕ СИНДИКАЛЦИ?!
Дали доктор Ставриќ влезе во групата на политички затвореници затоа што со неговите жестоки изјави, додека беше предводник на штрајкот стана трн во очите на министерот Тодоров и на премиерот Груевски?

СЕ СУДРИЈА ВОЕНИТЕ ИНВАЛИДИ
Судскиот спор меѓу Сојузот на инвалидите и Сојузот на борците сѐ уште не е окончан, но засега како победник излегоа воените инвалиди, кои го добија Домот на воени инвалиди, објект вреден 6 милиони евра!

ГО ОТЕПАА ЃОРЧЕТА ОД ЗАД ГРБ
Криминални групи од Грчец оперирале во Ѓорче Петров. Краделе мотори. Ги криеле извесно време и потоа, барале од сопственикот да исплати сума за да си го откупи моторот. Имале ли помош и од локални полицајци?

ВМРО ДПМНЕ МЕЃУ ИСТОК И ЗАПАД
Руско-американски судир на дворот. Груевски е распнат однатре. Неговиот политички хабитус е како на двојна личност – со срцето е кај Путин, со разумот сѐ уште е во ЕУ и во НАТО, барем додека „не се распаднат“!

ЦЕЗАРОИДИ И ПОЛТРОНИ
Груевци го практикуваат цезаризмот како да е демократска карактеристика, намножувајќи го полтронизмот како некаква патриотска  карактеристика.  Со други зборови, ДПМНЕ- Грујовистичка ја згази СДСМ- Бранковистичка.

ФРЛИ РИПЧЕ ЗА ДА ФАТИШ КРАПЧЕ
Зошто во СДСМ им е толку тешко да сфатат дека без да го фрлиш рипчето, па макар тоа рипче се викало и Бранко Црвенковски, нема шанси да го фатиш крапчето, кое во случајов се вика „Доаѓање на власт“?

 

Колумнисти:

Синоличка Трпкова
Наместо колумна пренесувам проштално писмо од холандскиот астронаут Вубо Окелс, кој почина на 19 мај, 2014. Важни се да ги прочитате неговите проштални пораки до човештвото.

Рамадан РАМАДАНИ
Несознавањето на поделбите е нешто што владарите го користат да вметнат спинови. Таков е случајот со составувањето на владата. Читателот на македонски чита различно од читателот на албански, и обратно.

Џелал ХОЏИЌ
Владата, избрана од Собрание кое е избрано на нефер и недемократски избори, не смее да биде признаена. Здружената опозиција мора да направи влада во сенка и да нуди решенија.