967

by Фокус

СИТНИ ДУШИ
Црвенковски ја започна кариерата со неговата фамозна реплика: „Со ситни души не се прави држава“. Но, Груевски осозна како, условно речено, со „ситни души“ може долговечно да владее!

И СО ДЕМОКРАТИЈАТА СЕ ПРЕТЕРА!
Гласот не е веќе слободна волја, туку присилба и една мисла, дека, не дај боже, од ова има и полошо! Тоа ли е ден на демократијата за ВМРО-ДПМНЕ?!

ИЗБОРНИ ЛЕКЦИИ
Заев повеќепати ја опиша изборната „демократија“ на Груевски како касапана, а, сепак, имал големи очекувања од првиот претседателски изборен круг!? Како ќе се справи со несреќата?

НИ ТРЕБА ВЛАДА ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ!
Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски вели дека не е разочаран од освоените гласови на претседателскиот кандидат Зоран Поповски. За  Фокус ги детектира слабостите на изборниот процес, не ја штеди власта, но удира и по опозицијата.

РЕПУБЛИКА ШУТКА
Оние гласачи чија партија на избориве ќе добие засекогаш апсолутна власт и оние граѓани на Македонија што потоа ќе имаат среќа во животот –  нема да бидат истите луѓе!

НЕ Е ВРЕМЕ ЗА КРВ, ТУКУ ЗА ЕКОНОМИЈА!
Љупчо Зиков, лидер на Алијансата за позитивна Македонија смета дека помина времето кога со пуштање крв се освојувале симпатиите на граѓаните. Време е да се роди нов лидер на пепелта на оваа перманентна криза во која живееме, вели Зиков.

ТАЈНИОТ СОВЕТНИК НА ИВАНОВ?
И покрај инсистирањето Пендаровски, Иванов не го откри човекот од кого прима совети за безбедноста. Па, се поставува прашањето, кој е неговиот идентитет и зошто упорно се крие цели пет години?

НОВА ВОСПИТНА ОД СТРАЗБУР
Судот во Стразбур одлучи, одново да се утврдува сопственоста на земјиштето со изворите од кои се полни „Добра Вода“. Истовремено препорача македонските судови да му ја надоместат штетата на тужителот, семејството Арсовски.

ДОМАШЕН ТЕРОР
Наташа Величковска од Крива Паланка обвинува дека бившото момче ја тепа и малтретира и дека три години живее како во затвор. Останува нејасно реагираат ли надлежните институции?

 

Колумнисти:

Синоличка ТРПКОВА
Оставени да се справуваме со сиромаштијата – и физичка и духовна, со секојдневниот мамурлак, горчливата уста, пцостите, самосожалувањата, ништо нема да смениме – ако најпрвин не се смениме себеси.

Рамадан РАМАДАНИ
ДПМНЕ за Иванов даде полн гас и со тоа направи претекнување и оствари двојна победа и над опозицијата, и над ДУИ. Опозицијата, со Пендаровски, доцни, но има уште една цела неискористена брзина.