958

by Фокус

ЧОВЕКОВИ НЕПРАВА
Кого сега, по ваквиот „црн извештај“ за човековите права во ООН, ќе обвинува премиерот за разно-разни „пиперевки“, како своевремено ЕУ? Пак ли ќе ја пее „песната“ дека и тие, како и НАТО, не нѐ сакаат?

ЉУБЕ СЕРИСКИ УБИЕЦ?!
Наводно, на Бошкоски му се заканиле дека му се монтира одговорност за уште едно убиство, старо 12 години, односно ќе му се ставело на товар дека ја нарачал ликвидацијата на Орце Коруновски!

ТАЈКУНИТЕ НА ПРЕРОДБАТА
Кои се тајкуните кои владеат со градежништвото, медиумите и безбедноста? „Фокус“ ги истражуваше овие бизнис-релации согледувајќи дека сите водат до само неколку имиња од политичката и бизнис сцената! Погодувате за кого станува збор?

ИСЧЕЗНА ИГОР ИЛИЕВСКИ
Настрана судскиот спор на Мијалков со „Фокус“, до кој дојде поради изјавите на ексамбасадорот во Чешка, Игор Илиевски, останува клучно едно прашање. Зошто 13 месеци по изјавата за „Фокус“ нема ни трага ни глас од овој дипломат?

ИЗБОРНА ЦРН ПАЗАР
Груевски и Ахмети се пазарат за избори, Црвенковски и Заев ја менаџираат партиската криза! Вака изгледа предизборна Македонија, во пресрет на епилогот по кој се најавува рекомпнирана политичка сцена?

НЕ МИ Е СТРАВ, МИ Е СРАМ!
Генерал Стојанче Ангелов смета дека на претстојните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе направи повторно „силување“ на гласачкото тело. Тој моментално се подготвува за претседателските избори.

АПСУРД ИЛИ ЗАМКА ВО „ШПИОН“?
Стојков се гони за дело, за кое веќе затворска казна одлежува неговиот некогашен личен возач. Дали станува збор за несмасна судска грешка или генералот по секоја цена, мора да се држи зад решетки?

Колумни:

Стојан АНДОВ
Група луѓе од државни пари се богатат неосновано, а некои од нив биле новинари, но се трансформирале во политичари од подземјето, а новинарската професија и натаму им служи за камуфлажа.

Џелал ХОЏИЌ
Додека навивам за боксерот Кличко, чекајќи ја нашата опозиција, еден извештај на ЦИА ми го одвлече вниманието: „2014-та ќе има длабоки етнички и политички поделби, при што ситуацијата во Македонија доби назнака „особено експлозивна“.

Синоличка ТРПКОВА
Сивата и црната боја се нашиот модерен општествен тренд. На други места тие значат криза, конзервативен пристап ‒ за другите бои да не бодат очи. Кај нас тие ја покриваат нашата посрамена духовна голотија.

Рамадан РАМАДАНИ
Избори ќе има со непроверено прочистен избирачки список, без попис, во процес кој ќе го обезбедува полицијата, во која шефот на разузнавањето е партиски функционер. Е, па, еци-пеци-пец е пофер игра.