957

by Фокус

ШТО ЌАРУВА ДУИ?
Можеби најважната дилема е, ако вмровците извлечат корист од комбинираните избори со тоа што ќе го прекинат растот на социјалдемократите, тогаш кој е бенефитот за „интегративците“ ?

ВЛАДИНИ РЕКЛАМИ „ЛИЧЕН ПОДАТОК“!!!
Договорите на Министерството за финансии за рекламите во медиумите, биле „личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци“. А, има ли поголем интерес од тоа каде се трошат народните пари и во кои медиуми се влеваат?!

СО КАЗНАТА НА ФОКУС СЕ ШТИТИ ДЕМОКРАТИЈАТА!!!
Пресудата со која судот го заштити угледот на Сашо Мијалков, содржи интересни смерници за новинарската работа. Ќе сме станеле поодговорни новинари! А, малку за одговорноста на владините функционери!?

КОРУПЦИЈА ЈА „ТОЛЧИ“ ДРЖАВАТА
Македонија наликува на Готам Сити каде, речиси нема надеж дека некој Бетмен ќе успее да ги разниша темелите на трите сегменти каде што корупцијата е вкоренета: медиумите, тендерите и изборите!

ПРЕРОДБАТА УДРИ ПО КУМАНОВО
Кумановскиот градоначалник е оставен без денар во општинската каса. Цели 15 месеци сметката беше блокирана, а сега со нова блокада, стапува министерот Ставрески. Одмазда за загубеното Куманово?!

ЕМ БРАТУЧЕТКА НА ГРУЕВСКИ, ЕМ ГЛАВНА СЕСТРА?  
Дел од лекарите тврдат дека Штипската болница е во колапс, без основни материјали за работа, со куп партиски вработувања и пациенти кои кога ќе влезат внатре, единствено ги води мотото – кој преживее, ќе раскажува!

ЕКОЛОШКИ ЕЛАБОРАТ ТОП СИКРЕТ
И Владата и инвеститорот ја кријат еколошката студија за идниот златен рудник „Иловица“, документ кој треба да гарантира дека површинскиот коп нема да направи еколошки проблем во регионот!

Колумни:

Синоличка ТРПКОВА
Многу од нашите духовни „водачи“ решија да си го прегризат јазикот кога требаше да рикнат како лавови во одбрана на вистината и да нѐ поведат нас, нивните ученици, заедно да се бориме за неа и да ја одбраниме.

Стојан АНДОВ
Царот на Русија, потпирајќи се на својот договор со царот на Хабзбуршката империја, енергично барал од султанот во Османлиската империја во сите форми да биде забранета употребата на зборот „Македонија“.

Рамадан РАМАДАНИ
По шестгодишен брак, по толку години заедничко совпаѓање за барок и за Цар Душан, зар сега карактерно несовпаѓање? Па, ДУИ е дел од владината коалиција, така што не може да се крие ниту да глуми опозиција на режимот!

Џелал ХОЏИЌ
Демократската опозиција има решено да учествува на овие избори и во таа борба мора да ја добие целата наша поддршка. Сите ќе мораме да излеземе на изборите и да ѝ помогнеме на опозицијата да го разголи режимот!