956

by Фокус

ПОРТОКАЛОВ АПАРТХЕЈД
Во услови на партиски апартхејд на дело, кога парите ги движат пионите на власта, останува нејасно зошто опозицијата верува дека договорените измени во изборниот закон се некаква гаранција за фер избори!

МИЛЕ НИШТИ, СКАНДАЛ ПИШТИ!
Еден куп неодговорени прашања ја доведуваат во прашање искреноста на институциите вмешани во продажбата и поништувањето на продажбата на земјиштето кај НБМ. Грешки имало, но дали биле од немарност?

МЕДИУМСКИ ШАХ МАТ
„Спин“: неискрен, измамнички обид или високоманипулативна тактика од високи политички структури. Последните „истражувачки стории“ и „скандали“ на провладините медиуми за тоа кој новинар колкав имот поседува, се токму тоа!

ОРДЕН ЗА „ШПИОНСКАТА“ ДРЖАВА?!
Обвинетите во случајот „Шпион“, кои се товарат за оддавање државни и Дали, под превезот на тајноста, може да се очекува правична и праведна пресуда!?

ШИРОК КОСТУМ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ
Професорот Јове КЕКЕНОВСКИ, е еден од првите кој јавно излезе и активно ја промовира својата програма за претседателската кандидатура на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Нема да бидам марионета“, вели Кекеновски.

ГОДИНИ НА ОПАСНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ
Ако во предизборие се трошат пари од буџетот, особено кредити, дали тие завршуваат за подобар квалитет на живот или за интересите на партијата која сака неограничен пристап до касата од три милијарди евра!

СИТ ТИГАР, ГЛАДЕН МАЈМУН
Ако болеста се вика „слаб СДСМ“ и ако некого сега го боли кога доктор Заев спроведува терапија, треба ли да се наоѓа маната во терапијата? Проблемот не е во болката која е неизоставен дел од терапијата, туку во болеста.

Колумни:

Синоличка ТРПКОВА
Невладиниот сектор има многу повеќе капацитет за суштинска промена од кој било владин, затоа што е независен, креативен. Но, ризикот овој сектор да се претвори во „менаџмент“ за делба на купче пари станува сè поголем.

Рамадан РАМАДАНИ
Пропаѓањето или имплозијата е понечујна од експлозијата, но исто како и кај вторава и на двете не им се знае крајот. Тамам ќе стигнеме до некаде, до некакво дно, кога тоа гледаш дека има уште!

Џелал ХОЏИЌ
Процесот кога опозицијата почнува да ги буди граѓаните од апатичниот сон секогаш се прекинува со предвремени парламентарни избори, на кои ДПМНЕ е уште силен и победува од позиција на моќ.

Стојан АНДОВ
Нашата историска наука, за време на владата на Никола Груевски, направи невиден лупинг, „докажувајќи“ го постоењето на македонската нација врз основа на кралството и кралевите на Античка Македонија.