948

by Фокус

ЕДЕН ГОСПОД ЗНАЕ
Најголема тајна е кој и колку пари одвоил за изградба на црквата „Св. Константин и Елена“ во срцето на главниот град. Тајна е и колку вкупно ќе чини целиот проект.

ВЕЌЕ НЕ СУМ ГОРД ЧЛЕН НА ПАРТИЈАТА!
Самоил Малчески, ги открива незаконитостите на Универзитетот во Охрид, говори за релациите со неговиот пријател, генералот Горан Стојков, но и за малверзации со донациите во изборната кампања на ВМРО ДПМНЕ.

ЕМ ЗА ВМРО-ДПМНЕ, ЕМ БЕЗ РАБОТА!
Мариче Младеновска останала без професорската работа во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп. Како гласач на ВМРО-ДПМНЕ се смета изиграна, но, Груевски не одговара на нејзините писмени апели!

АНКЕТА
Со осиромашувањето се смалува и довербата во владата, покажува најновата анкета на ФОКУС, изработена од агенцијата Рејтинг. Впрочем економската состојба и невработеноста     за 54,9% од граѓаните  е најголемиот проблем на земјата.

ВАЛКАНИЦИ ВО ДРИСЛА
Германската фирма „Шолц“, ги изгуби шансата да стане концесионер на депонијата. Најавува тужба пред домашните и пред меѓународните судови.  Како во целиот случај се вклопи екс обвинителот Шврговски?

КАМБОВСКИ И ЈОРДАНОВ
ВМРО ДПМНЕ стравува дека бизнисменот Минчо Јорданов може да одигра со СДСМ, па и со ДУИ за претседателските избори. Дали скриен фаворит на власта е Владо Камбовски?

РЕВОЛУЦИЈА ИЛИ ОПОЗИЦИЈА
Апатичното чекање некој да ги смени нештата нема да доведе до промена бидејќи, во духот на изјавата на ректорот на киевскиот Универзитет, нема Македонија без народ, нема народ без слобода!

Колумни:

Стојан АНДОВ
За Америка, во нашите пошироки интелектуални и политички кругови, е присутен впечаток дека е тоа земја на империјализмот и дека со таа земја, Македонија не може да биде сојузник и не треба да ѝ верува.

Синоличка ТРПКОВА
Дека власта, со преостанатото мнозинство, нема капацитет, веќе не е спорно. Тоа што е спорно е дали сите неистомисленици на власта, сега во малцинство, имаат капацитет да им удрат клоца на калкулантите!

Џелал ХОЏИЌ
Опозиционерите по 24 декември рекоа дека ќе ги вратат пратеничките мандати и дека нема да излезат на локалните избори. Но, пукна бетонот. Да не излезеа на избори − денес режимот ќе се клатеше!

Рамадан РАМАДАНИ
Половични, недоветни и безобразни решенија: се поставува споменик на Тито! Се прифаќа српската верзија за Цар Душан! Шефот на разузнавачите зборува за компактна Македонија, а компактно само за себе мисли!