1017

by Фокус

ПЕШЕВСКИ ПРВ ЗАПЕА, А КОЈ ПРВ ЌЕ „ПРОПЕЕ“!?
Видовме дека откако сефте заѕвони гласот на Владимир Пешевски во 14-та бомба, тој премиерно запеа на дпмневскиот собир во Штип. И тоа не пееше за пари и за провизија, туку дека „едно име имаме“. Ете, тој прв запеа, ама поентата е во тоа кој прв од министрите ќе „пропее“. Ама сега да пропее за зулумите корупциски, а не потоа кога ќе нема избор. Зашто ние ќе ги плаќаме нивните палавости.

ОД НАРОДНА КАСА ДО ПРИВАТНИ ЏЕБОВИ
Двете последни бомби на Заев за криминални афери на власта – изградбата на автопати со кинески кредит и набавката на опрема за МВР од Израел, силно ја потресоа власта. Од првата, Фамилијата наводно инкасирала провизија од 25 милиони евра, а од втората над 1 милион евра провизија

КИНЕСКО-ПРЕРОДБЕНИЧКА УЈДУРМА
Сумите за градење автопатишта се големи и главно се финансираат од заеми, така што ако патиштата останеа во буџетот, веројатно буџетскиот дефицит ќе беше многу поголем, дури над 4 отсто од БДП. Со овој „трик“ на власта, практично тие трошоци се „сокриваат“ надвор од буџетот

МУЗЕЈСКА ПРЕСУДА
Анализата на „Фокус“ за судскиот случај со кражбата во музејот открива дека судот и обвинителството постапувале спротивно на законските одредби. Тие морале некого да осудат зашто вистинските крадци некој ги штити, а го нема ниту пленот – златниот накит

ВЛАДАТА НА ГРУЕВСКИ ЌЕ ПАДНЕ ВО ПАРЛАМЕНТОТ
Претседателот на Либералната партија Ивон Величковски во разговор за „Фокус“ вели дека политичката криза сепак ќе заврши со пад на Владата на Груевски во Собранието. Такво решение ќе му наметнат граѓаните, политичките елити и меѓународната заедница

НАФАТИРАНИ КАДРИ
Повеќе заслужни кадри на власта кои се на добри работни позиции, во меѓувреме вршат уште пет-шест други функции, како членови на разни комисии, управни и надзорни одбори, за што, како што тврдат опозиционерите, земаат хонорари од 6.000 до 60.000 денари

СУДБИНА И НЕПРАВДА
Еден од 13-те преживеани од авионската несреќа во Скопје, и по 22 години вели дека се буди и легнува со трагедијата. Го изгубил своето здравје, станал инвалид на 27 години, а сега, на 49-годишна возраст, сѐ уште ја чека судската правда и обештетувањето

ДЕСЕТ ГОДИНИ ПОРАЗИ
Додека опозиционерите нечистата вода ни за гаснење пожар не сакаат да ја користат, од власта се спремни таквата вода и да ја испијат ако треба. Кога треба да се остане на власт, Грујо од ништо не се гади.

 

Колумнисти

Стојан АНДОВ
Бидејќи Зоран Тодоровски се залагаше за лустрација, ми рече дека мојата акција многу добро тргнала и дека е важно што Јадранка Костова, која го работеше моето интервју, е сосема чиста во тој поглед и нема никаква основа да подлежи на лустрација

Ана ПАНОВСКА
Видовме дека Груевски е мозокот на пљачката. И на таа со милионите евра, и на онаа со стотиците лажирани изборни гласови. Тука, и со тоа,  завршува неговата историска улога. Чиста, гангстерска стратегија, зашто кај него идеологија нема!

Џелал ХОЏИЌ
Власта во која ДУИ партиципира, затвори медиуми, А1 ТВ и трите весници, од кои едниот на албански јазик. Посебно подмолно зло направи за „црниот понеделник“ во кој интегративците одиграа своја улога на „набљудувачи“

Рамадан РАМАДАНИ
Има многу начини сега опозицијата да ја зајакне својата најјака стратегија за повторно градење на државата: инклузивноста. Мора сите да се соберат на куп против овие ДУП и ГУП

Нано РУЖИН
Груевски би дал и кралство за коњ, слично на Ричард Трети во 1529 година, кој го опеал Шекспир. Одеднаш големиот лав, кому никој не смееше да му се спротистави, стана уплашено глувче желно за своите привилегии и функции