АФЕРА ,,КАНЦЕРОГЕН МАЗУТ”
Обвинителството поведе истражна постапка против 13 физички и едно правно лице поради сомненија за злоупотреба на постапка за јавен повик и перење пари во периодот 2021-2023 година. Станува збор за милионските набавки на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино во вкупна вредност од околу 212 милиони евра и штета од 167 милиони евра.
КОЈ ,,ПИЕЛ НАФТА” ДОДЕКА КАПУШЕВСКИ И ЈАХОСКИ СЕ БОГАТЕЛЕ?
Иако и сумата на пари тешко ми е да ја преџвакам, бидејќи не можам ниту да замислам колку пари се тоа, сепак фактот дека е многу веројатно некој свесно да нѐ труел, никако не се проголтува. Како кнедла во грлото стои и тоа што уште пред четири години медиумите го вклучија алармот дека сите „не пиеме нафта“ и дека нешто страшно смрди при нејзината набавка.
БОКИ 13
Од Апелација се оправдаа дека пресудата за Јовановски, со која му ја преполовија затворската казна, не е исклучок. Од почетокот на годината донеле шест вакви одлуки. Сепак, факт е дека и болни затвореници умираат зад решетките. Пред една недела почина 35- годишен осуденик болен од рак.
ТОКСИЧНА АТМОСФЕРА НА ТОКСИКОЛОГИЈА
Чибишев веќе десет месеци е на оваа позиција, но вработените на клиниката се на нозе, револтирани од новиот директор, кој според нив постојано им врши мобинг, им се заканува со работните места, а на тој начин ја нарушува целата работна атмосфера на клиниката.
ПАТАРИНИ
Во моментов, просечната цена на патарините во Македонија изнесува 4.13 евра на 100 км, што е повисоко од Србија (3.61 евра) и Бугарија (2 евра), а незначително пониско од Грција (4.41 евра). Во Хрватска, цената е просечни 6.22 евра на поминати 100 км.
ИНДИВИДУАЛНОСТ ВО ПОЛИТИКАТА
Политичарот што никогаш не покажал дека мисли со своја глава или има храброст да каже нешто што некој „од горе“ не му го одобрил, не може да се снајде во непредвидена ситуација. Просто, нема тренинг за тоа.
ИМА ЛИ НАДЕЖ ЗА МИР
Украина успеа да докаже дека е подготвена воздушно да ја нападне дури и Москва, но веројатно ова е дефокус и спин од случувањата во Суџа, која украинската армија незадржливо ја губи, а беше планирано да им биде главен адут во претстојните преговори.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
О Нил смета дека пред да се распадне Југославија, Македонија била во федерална држава, но сега кога сме самостојна држава, треба да го смениме името со кое настапуваме во светот. Значи важно е Македонија да покаже подготвеност и добра волја.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Мрчењето има ефект на бесконечна катарза преку зајадување, подбивање и ситничарење. Менталитет што варира од мрморење до екстремност. Мрчаторите битисуваат непродуктивно, незадоволници се и од банални нешта, но запрепастувачки е колку љубат да солат памет.
Ана ПАНОВСКА
Се затрчаа исто како жабата што го видела коњот како ја крева ногата за да го потковаат, па и таа ја кренала за да ѝ стават потковица – ама пустата не проценила дека ударот на чеканот ќе ја смачка. Затоа не играјте си и не чешајте се толку околу Трамп. Тој е, сепак, „дете на Калето“!
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Историјата е немилосрдна. Нема вечна власт и вечна моќ. Тоа се менливи и минливи категории. Денес едни, утре други! Да потсетиме, египетското царство на фараоните траело речиси четири илјади години. Денес, само пирамидите се неми сведоци на таа моќ.