Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
НЕПОЧИТУВАНА МИНИСТЕРКЕ
Народот, медиумите и опозицијата се тука за да го критикуваат тоа што власта не го прави како што треба. Ставете си го тоа во глава. Сите ние знаеме дека раката на ВМРО-ДПМНЕ е долга, го почувствувавме тоа во времето на бегалецот во Будимпешта.
УВОЗ НА ОТПАД
Увозот на отпад не е новина, бидејќи веќе со години го увезуваме балканското ѓубре, иако не знаеме да се справиме ниту со нашето. Но, најавата дека сме заинтересирани и за отпадот на земјите-членки на ЕУ, дополнително го засили алармот.
РУДНИЦИТЕ НА ЕСМ
Економските оператори што склучиле договори за работа во РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ отстапувале значителен дел од вредните договори на подизведувачи, меѓу кои имало фирми блиски до политиката, но и странски компании
ТРАКТОРЧЕТО НА ВЕЛЕШКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК
Работењето на градоначалникот на Велес, Марко Колев, и неговиот кабинет за 3,5 години од четиригодишниот мандат е постојано предмет на анализа, посебно во делот на јавните набавки, роднинските вработувања, непостапувањето или криењето на анализите на сега веќе мртвото езеро Младост.
СВЕТСКИ ПРОМЕНИ
Разликата од 1941 и од 1991 година е што сега се обидуваме да сме меѓу првите што ќе се прилагодат на новата светска политика. Дали тоа ќе ни се исплати или ќе нѐ фрли во некои поголеми ризици, никој не знае со сигурност да прогнозира.
ТАБУА
Постојат многу табуа, кои на прв поглед се бесмислени. Затоа и постојат таканаречените „џентлменски договори“меѓу политичките соперници, кои дефинираат што смее да се пипа, а што не смее и е табу.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Сметав дека би можеле, извесно време, во меѓународната комуникација, покрај уставното име, да го носиме и името на главниот град, во заграда. Значи, „Република Македонија (Скопје г.г.) или на англиски „Republic of Macedonia (Skopje c.c.)“.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Правосудството воопшто не е независно, туку одметнато. За жал, три децении, македонското „независно и самостојно правосудство“ не го истресоа ниту од танги, уште помалку од килоти, боксерки или sиври, а камоли од гаќи.
Ана ПАНОВСКА
Секоја војна, без разлика кој ја предизвикал, зема илјадници жртви на обете страни. Значи, крвави и Украина, ама и Русија. Крајно време е да се воспостави некакво примирје, да се припитомат страстите и мирно да се дојде до траен мир.