Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ОБВИНИТЕЛИТЕ ДА СИ ЗЕМАТ ЈАЖЕ ИЛИ ЌЕ ИМ ДАВАТЕ?!
Но, се ми се чини дека „пресметката“ на власта со обвинителството нема да застане тука. Не дека таму не треба да заигра метлата, како и во судството, но критериумите за чистката не може да бидат засновани на лични желби или вкусови!
БИОТЕК
Семејството Синадинови како сопственици на „Биотек лабораторија“, во изминатиов период се во вистинска инвестициска експанзија. Тие во ноември 2022 година ја отвораат и поликлиниката „Биотек“ на примано ниво. На истата адреса се наоѓа и поликлиниката на секундарно ниво „Биотек медикал“. Но, освен во здравствениот, се шират и во градежниот бизнис.
ДАВЕНИЧКИ ПРОЕКТ
Во 2020 година, тогашната Агенција за млади и спорт, која неодамна се трансформираше во Министерство за спорт, спроведе тендер за изградба на 6 затворени пливачки базени во вкупна вредност од околу 4 милиони евра. Иако одамна требаше да бидат изградени, сепак, досега завршен е само базенот во Тетово.
ВЕТЕРНИОТ ПАРК
Кајголемите инвеститори во „Алказар енерџи“ се државните банки и инвестициски фондови на САД, Германија, Франција, Холандија, Кина и на Австрија. Од нив се чекаат евтини кредити за да се почне со изградбата на „Штипски ветерен парк“.
МИЦКОСКИ ВО ВАШИНГТОН
Со оглед на крајно специфичните меѓународни односи во светот, точно е дека ни се отвора огромна можност да седнеме на скратената маса сојузници на претседателот на САД, можност каква што не сме имале досега ниту ќе има од сега. Но, сево ова носи и бројни скриени и нескриени ризици.
ВРЗАНИ РАЦЕ
Власта што сака да контролира сѐ, и судство, и економија, и медиуми, и култура, и сите други сфери на живеењето во една држава, тоа може да го постигне, ако навистина се потруди. Прашање е дали тоа е добро за самата власт. Оти, секој центар на моќ привлекува луѓе што бараат таа моќ да биде (зло)употребена за нивен интерес.
СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ
Бројни посетители и учесници од земјава и странство, деновиве имаат една дестинација – Струмица, каде што се одржува традиционалниот Струмички карневал. Годинава карневалската недела започна на 26 февруари и ќе трае до 5 март, кога карневалистите ќе му го вратат клучот на градот на градоначалникот.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
За жал, во нашиов случај, не се работеше само за една држава, Грција. О’ Нил, независно од своите лични убедувања, сепак беше претставник на Европската заедница, која на својот самит во Лисабон беше одлучила да нѐ признае доколку во нашето име го нема зборот „Македонија.“
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Невозможно е со аљази и џамбази да се прават реформи! На нив кога им се вели Анте, велат Анте курела, тие се арамии, кои и дете неродено од мајка ќе украдат, лажговци, кои, штом зинат, лажат, дури и кога молчат.
Ана ПАНОВСКА
Секое отворање на Уставот некои го споредуваат со отворање на Пандорината кутија и мене тоа секогаш ме плаши. Кога Пандора ја отворила кутијата, од неа излегле сите несреќи на човештвото, а ког се отвора Уставот, покрај посакуваните добри решенија, може да се отворат и бројни сложени и далекусежни проблеми.