Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
СПИРАЛА
Оној што решил да го отвори прашањето за нов државен грб требало да знае дека првата реакција на тоа ќе биде во пакет да се реши прашањето за нова државна химна и за уставното редефинирање на албанскиот јазик. И тоа е само во старт, бидејќи подоцна може да се накалемат низа други теми и прашања.
СКАНДАЛ НА ГИНЕКОЛОГИЈА
Пред три недели, 36-годишна пациентка отишла да се породи на Клиниката загинекологија. Кога било направена епизотомија, се случува и лекарската грешка, а тоа значи дека на трудницата со самото сечење ѝ се скинало дел од дебелото црево, по што, како што тврдат, раката на новороденчето наместо од вагиналниот отвор, излеглo од анусот на пациентката.
КАДИЈА ТЕ ТУЖИ, КАДИЈА ТЕ СУДИ
Намерата на власта да го смени републичкиот јавен обвинител Коцевски, е како онаа народната, „Кадија те тужи, кадија те суди“. Поради дупки во законската регулатива, наместо стручна комисија да утврди дали Коцевски сторил потешка дисциплинска повреда, тоа ќе го ценат „експертите“ од Владата и од Собранието.
РУДНИЦИ ВО СТРУМИЧКО
Шансите на „Еуромакс ресоурсес“ за отварање на рудникот се намалија, но се зголемија можностите, инвеститорот да заработи милиони евра од потенцијална арбитражна постапка. Во моментов, случајот е во Виш управен суд, каде што се очекува одлука по жалбата од страна на концесионерот.
ДРЖАВЕН ГРБ
Светската историска наука точно знае кој грб одприлика одговара на која територија. Но, дали правилата на средновековната хералдика ќе им се допаднат на денешните наши политички чинители со спротивставени интереси, навистина е тешко за верување.
ТРОШОЦИ И ЛУКСУЗИ
Ако премиерот доаѓа на работа со велосипед, а министрите се возат со јавен превоз, кога некој ќе побара за болни деца да се зголемат средствата од буџетот, ќе добие одговор дека сите штедиме, немаме пари, криза е, мора да се внимава на секој денар и слично. И тоа ќе изгледа убедливо.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Народот тука смета дека ЕУ сака да нѐ изгладни, за да го смениме името. Ќе мора вие да ја смените Лисабонската декларација. Ако оваа европска опција во Македонија, чиј претставник сум јас, ви вели „НЕ“, тогаш можете само да замислите што следи – национализам и тоталитаризам.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Жално е што најголемата корист од тоа кадровско „прочистување“ на судско-обвинителската фела нема да го имаат стручните, професионалните и морално доблесните судии, туку оние што се „политички“ најприлагодливи со своето камелеонско лице.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Кога професионалните статистичари зборуваат за просек, алудираат на најмалку три вредности: аритметичка средина, модус и медијана, кои може да бидат многу различни, па откриваат или сокриваат крајно различни работи. Популарен е вицот за дел од народот што јаде исклучиво месо, а друг само зелка, па произлегува дека просекот е сарма.
Ана ПАНОВСКА
Па, ние бре навистина сме миленичиња на меѓународната – држава ни признаа, идентитетот ни го потврдија, јазикот ни го признаа и ја помочаа Бугарија, иако е нивна, од нивниот табор. Што сакаме повеќе, кој ѓавол ни е?Нѐ боли тоа што една Бугарија не нѐ есапи како Македонци. Па, што?