1532

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ГНИЛЕЖ ОД ДРЖАВА
Гневот и револтот на јавноста е легитимен, уште полегитимна е борбата за правда, бидејќи повторно системот наш уби дете. Нашиот гнил и урнисан систем одзеде уште еден човечки живот. Корумпиран систем, чиј крај никако да се види.

ИНВЕСТИТОРИ
Најголемите инвеститори во „Алказаренерџи“ се државните банки и инвестициски фондови на САД, Германија, Франција, Холандија, Кина и Австрија. Заеднички именител на сите инвеститори што ги анализира „Фокус“ е вложувањето во енергија од обновливи извори во земјите во развој како Македонија, Србија и Црна Гора.

СТАНОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ
Кога Обвинителството ја отвори истрагата за ,,Фасадата на владата”, тогаш соопшти дека се истражува и една манипулација со препродажба на станови. Имено, сподели дека управителот на ,,Бауер БГ“ е осомничен и дека од 2014 до 2015 година прибавил имотна корист од 144.000 евра за политичка партија, односно за тогашната владејачка партија ВМРО- ДПМНЕ.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ
Иако до локалните избори има повеќе од половина година, се чини дека партиите веќе влегоа во изборна кампања. Имено, веќе избиваат на површина потенцијални кандидати на водечките политички партии, а некои од нив јавно ги истакнаа амбициите да влезат во градоначалничка трка.

РАСЕЛУВАЊЕ
Ако се воспостави принципот на насилно раселување и населување, тоа преку ноќ може да ги зафати апсолутно сите земји во светот, бидејќи речиси и да не постои држава што нема проблем со национално малцинство или проблем со оспорувани гранични линии со соседите.

СКАНДАЛИ
Ако власта направи 200 скандали во текот на мандатот, што значи по еден нов скандал секоја недела во четирите години владеење, ќе изгуби околу 80 илјади гласачи, што, пак, ќе биде доволно за да ги изгуби изборите и да падне од власт.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Јас, потполно сам, Херд опкружен со неколку соработници со отворени нотеси. Сакаа да ги слушнат моите мислења за војните во Југославија, но тоа што најмногу ме изненади беа прашањата за тоа кои сме, всушност, ние во Македонија.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Времето покажа дека судиите и обвинителите, без конкуренција, се политички најподатливите носители на власт во оваа држава. Затоа и не може да станува збор за нивна моралност, професионалност и независност.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во асолен систем функционира сѐ како што треба, секоја неуреденост претставува аномалија, која по дифолт се коригира. За разлика од него, антисистемот е само привид на уреденост, а во суштина е „идиот прајд“ систем.

Ана ПАНОВСКА
Некои аналитички умови гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ го води во амбис македонскиот народ и сите други граѓани што живеат во оваа земја. Гледаат дека утре Албанија ќе влезе во ЕУ, па и таа ќе си смисли некои услови за да нѐ блокира.