Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
„ШТО НАПРАВИВМЕ, БЕ“!?
Зборовите на Васо,„Што направив, бе“, кога го здогледал безживотното тело на младата девојка Фросина, без оглед на висината на казната,ќе го прогонуваат целиот живот. Од момче со „педигре“, или од современо функционално семејство, кое ги имало сите предуслови да ужива во животот, стана аздисано момче со крв на рацете.
ИНТЕРВЈУ: ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ
Ѓорѓиевски вели дека до крајот на мандатот како градоначалник на Кисела Вода ќе реализира речиси сто проценти од изборната програма. Веќе извесен период, тој не крие дека има амбиција да влезе и во трка за градоначалник на Скопје, истакнувајќи дека има концепт и план за решавање на проблемите во метрополотата. Меѓу другото, според него, на главниот град му треба генералка, лесно метро, гасна централа, комунална полиција…
СКАНДАЛОЗНАТА ДИРЕКТОРКА
Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, експресно се сменија директорите на сите јавни здравствени установи. Една од оние што добри се укотви на директорска фотелја е доктор Каролина Симоновска, која шест месеци управуваше со Институтот за белодробни заболувања. Како што велат вработените, таа направи тотален хаос…
БОЈКОТ НА МАРКЕТИ
Седумте најголеми трговски ланци на маркети во земјава, во 2023 година оствариле вкупни приходи во износ од 930 милиони евра, што значи дека еднодневниот бојкот во петокот, кој го намали прометот за 1,6 милиони евра, на супермаркетите им откинал 0,2 отсто од годишниот приход.
ПРОТЕСТИ
Еден многу трагичен повод поради кој се протестира кај нас деновиве е прераната смрт на студентка, која на главниот скопски булевар беше прегазена од лице со дебело досие. Ова покрена уште поголема масовност на граѓанскиот активизам и скопските улици безмалку се преполнети како оние во Белград.
КОЈ ПРВ ДА ПОПУШТИ?
Ако власта навистина е толку патриотска или проевропска (сеедно која опција е на власт), нека земе таа да се жртвува, па да не краде и да не става глупави луѓе на одговорни позиции. Зошто мора народот секогаш да се жртвува за повисоката цел, нека се жртвува власта за повисоката цел, која демек толку ѝ е драга!
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Додека го слушав размислував што би направил нивниот министер Херд кога би му пристапил наш разузнувач со желба да соработуваат. Се разбира, заклучив дека би го поврзал со таквите служби на Британија. Зашто мојот соговорник по ранг беше министерот за надворешни работи. Така и сторив.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
,,Западен“ Балкан не е случајна политичка творба! Тој е создаден и се одржува токму заради тој стратегиски интерес овој дел од Европа и во 21 век да се држи ,,под напон“. Ништо ново – раздели па владеј!
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Неспорно, постојат луѓе кои се обидуваат да ги мобилизираат масите, направат промени, укажат на проблемите. Меѓутоа, нивниот број е мал, па воопшто не зачудува што нема речиси никакво влијание.
Ана ПАНОВСКА
На Фросина, ако гледа некаде од небото, не ѝ требаат нашите солзи, цвеќето, свеќите, туку нашата граѓанска будност, заинтересираност, бурна реакција на сѐ што не чини, за да не се случи набргу таму горе да си замине некоја друга Фросина (скраја да е).