1530

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ФОРМА ИЛИ СУШТИНА?
Сега-засега не може да се одговори на прашањето дали посетата на Мицкоски на САД и неговите средби со луѓе блиски до Трамп имаат суштина, бидејќи тоа моментално не може да се утврди или измери. Туку, оваа дилема може да се разреши дури после извесно време, кога практично ќе се расчисти маглата каква позиција ќе има САД кон Македонија и македонските предизвици на политички план, пред се во контекст на евроинтеграцискиот процес.

ВАЊА И ПАНЧЕ
Обвинителството сѐ уште не ги изведе сите докази што ги има против обвинетите за двојното убиство. Пиштолот го нема, но и да беше најден, тој нема легален сопственик. За него нема податоци во базата на МВР, бидејќи бил купен на црниот пазар. Што ќе откријат, пак, комуникациите меѓу обвинетите пред злосторството, ќе биде познато наскоро.

НЕЛЕГАЛНИ ИНФУЗИИ
Витамински инфузии можат да се најдат во општите ординации во земјава, каде што на големо се користат. Светскиот тренд се пресели и во Македонија, но, за разлика од соседните земји, ние имаме еден голем проблем, а тоа е дека во тие инфузии се користи лек, кој воопшто не е регистриран во Агенцијата за лекови МАЛМЕД.

ГАЗДИТЕ ГО ОДВРЗАА КЕСЕТО
До пред неколку години, огласите за работа содржеа обврски на работникот, негови задачи, работно време и потребни и најчесто непотребни квалификации. Сега огласите се како рекламни билборди, кои содржат висина на плата за секоја работна позиција, конкретни бонуси, како што се процентите од продажба на одредени производи, привилегии…

КРИЗА ВО СРБИЈА
Нашите северни соседи се буквално во нерешлива ситуација, бидејќи една незадржлива сила се судира со неподвижен објект. Веќе е јасно дека по сето ова, опозицијата нема да се смири додека не го урне Вучиќ. Од друга страна, рејтингот на СНС останува речиси нечепнат и не постои легален начин да бидат поразени на нормални избори.

ВЛАДЕЕЊЕ ОД СЕНКА
Многу е полесно да се побуниш против некој за кого знаеш дека е нечиј измеќар, отколку против некој за кого знаеш или веруваш дека има реална моќ. Ако тргнеш директно против моќникот, тој ќе го сфати тоа како закана и ќе се брани, и бидејќи има реална моќ, може скапо да те чини тој потег.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Корисните разговори со Макферлејн ме убедија дека и тој, и сите ние сме немоќни пред фактот дека интересите меѓу државите се посилни од сите аргументи. „Сојузите се создаваат за да ги бранат интересите на своите членки“, заклучи Макферлејн, како да чита некој учебник по меѓународна политика. Стануваше сѐ појасно дека единствениот излез за Македонија е некаков компромис.

Ана ПАНОВСКА
Очигледно е дека се откажавме од европскиот пат. Во меѓувреме, празнотијата на политиката ја пополнуваме со довикување преку плот. Ти си! Не сум јас, туку си ти!!! А болните на Онкологија, наместо да си ја гледаат маката, мора да ги слушаат оние што крцкаат од здравје како гризат за да им докажат дека ете тој, Филипче, е крив што нема лекови, што Клиниката е во очајна состојба!

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Недоветните марионетски и алчни бошлаф сурати веруваат дека за да бидат во новото време, мора да се понижени и изгазени од кукловодите. Во менгеме им се стегнати „топките“, па не газ, туку држава и образ продаваат, само да се доберат или да останат на власт. Играат „пиперевка“, а народот свој апла го есапат за ретард.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Време е да се прашаме дали нашите „стратешки“ партнери се навистина „стратешки“, и, што е уште поважно, добронамерни!? Време е да се наоѓаат во контекст на нивните стратешки воени и политички интереси. Така ќе го добиеме одговорот дали палиме свеќа и се крстиме пред вистинската икона!?