1529

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ШАНСА ЗА ЖИВОТ
Се скапавте од сечење црвени ленти, удирање камен-темелници, удирање лопати… Веќе не можам ни да пофатам кој каде сече црвена лента. Дај бе луѓе, бидете разумни. Зар не сфаќате дека скопска Онкологија е во тотален колапс, дека болните умираат секојдневно, дека стана Клиника на смртта.

ЧИНОВНИЧКИ ПЛАТИ
Математиката вели дека функционерските плати ниту ќе се намалат, ниту ќе останат исти. И покрај законските измени, тие ќе се покачат затоа што политичарите во своите изјави пред граѓаните заборавија да го спомнат најважниот елемент при пресметката на нивните плати – просечна бруто-плата за тековната година, која во последните 3 години е во значителен пораст.

ХАЦИЕНДИ НА ВОДНО
Пет парцели на Водно наскоро се очекува да бидат огласени за продажба, откако беа конфискувани од екс премиерот  Груевски и од неговиот братучед Мијалков. Доколку државата ги продаде, ќе го освежи буџетот за 8 милиони вера, но и ќе дозволи да „никнат“ куќи во срцето на Водно, предел кој во минатото важеше за заштитен.

СНЕЖНИ ТЕНДЕРИ
Податоците што ги обезбеди „Фокус“ покажуваат дека меѓу економските оператори што добија тендери за зимско одржување на улици и патишта може да се сретне и тукуштоформирана компанија, која веднаш по основањето склучила низа договори за јавна набавка, и тоа исклучиво со јавното претпријатие „Македонија пат“, како и фирма која една од последните 3 години ја завршила со нула денари обрт.

ПРЕГОВОРИ СО БУГАРИЈА
Од наша гледна точка, ова е моментотшто долго го чекавме. Сепак, не треба да се има преголеми надежи бидејќи владата е коалициски скрпена со тенко мнозинство и тешко дека би ризикувала поголеми авантури како онаа на Ципрас од 2018 година.

КУПЕНИ ДИПЛОМИ
Сѐ додека постојат работни места во јавната администрација за чие извршување не се бара знаење, но мора „факултет да се има“, што би рекол Цацко, ќе постојат и факултети што ќе обезбедуваат за соодветната сума пари некое парче хартија со кое во очите на законот ќе биде задоволен условот од конкурсот кој вели дека кандидатот треба да има завршен факултет.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Размислувајќи денес за улогата на лобистите како Тејлор или, подоцна, Макферлејн, не сум толку строг кон нивната корисност. Имено, фактот дека за својот ангажман на страна на Македонија тие мораа да добијат согласност од властите во Америка и во Канада, беше некаков показател за расположението на овие држави.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Фактот што „жестоко“ се нападна криминалот и корупцијата на претходната власт (ама без да се удри на нивните основни столбови), јасно укажува дека на сцена е само реприза на „борбата“ што истата таа претходна власт ја имаше против нивните претходници во лицето на Груевски и Мијалков.