Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
БАБА ГО ВОЗЕЛА „ФЕРАРИТО“
Со сопствени очи, сите се уверија декаМијалкови понатаму живее на висока нога, а тој може да се перчи дека го одлежал своето. Па, не е самиот виновен што на толку години затвор му го пресметаа есапот, иако го гонеа за дури шест предмети. Згора на сѐ и не избега од правдата, како братучедот му Груевски или пријателот Груби, освен ако му го броиме тој пат кога се „разболе“.
СОМНИТЕЛЕН БИЗНИС
„Фокус“ успеа да стапи во контакт со самата ординација, од каде што ни потврдија дека знаат дека лекот глутатион не е регистриран, но дека тие од април чекаат да влезе во Регистарот на лекови. На нашето прашање – зошто толку време го промовираат, ако знаат дека не може да го користат, ни одговорија: „За да ги придобиеме пациентите!“.
ВОЗИЛАТА И ЗАГАДУВАЊЕТО
Над 90 отсто од отровните прашини во воздухот ги емитираат оџаците на домаќинствата, а само десет отсто се од возилата. Издувните гасови од автомобилите, пак, учествуваат со 60 отсто во загадувањето на воздухот со азотни оксиди. Сепак, увозот на возила, кои во Европа се отпад, а кај нас луксуз, се зголемува од година во година.
ЗИМСКО ЧИСТЕЊЕ НА ПАТИШТА
За справување со снегот и мразот по патиштата и улиците досега се склучени договори од 3,5 милиони евра, но оваа сума допрва ќе расте бидејќи уште 13 тендери се во тек, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Притоа, речиси и да нема конкуренција на тендерите…
ИЗБОРИ ВО ХРВАТСКА
Убедливата победа е веројатно предизвикана од внатрепартиски игри во ХДЗ и не претставува одраз ниту на вистинскиот сооднос на домашната политичка сцена, ниту на надворешно-политичкиот правец, кој го сакаат граѓаните на Хрватска.
ВЕЛЕГРАД
Луѓетошто имаат енергија, не треба да се нервираат што велеградот Скопје страда од истите проблеми од кои страда секој велеград во светот. Туку тоа да го видат како шанса за ангажман. Оној што нема решение се нервира за проблемот, додека оној што има решение, се радува на проблемот оти тоа му е шанса да направи подвиг.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
На новинарите и на соговорниците на Конференцијата им објаснувам дека не може да се најде демократско и мирно решение за проблемите на Југославија затоа што нема доволно демократи подготвени на компромис. Дека имаме политичари неспособни да најдат демократски излез од кризата.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Прав беше министерот за внатрешни работи, Тошковски, кој во едно скорешно интервју констатира дека ,,немаме држава што се грижи за своите граѓани”. Заспан рајатински народ, кој одбива да се пробуди од слатката дремка.
Ана ПАНОВСКА
Пред повеќе од 10 години на улиците во Сараево излезе група млади луѓе од различни националности со огромен транспарент на кој со големи букви беше испишано „НАЦИОНАЛИЗМОТ УБИВА“!
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Денес и будалите знаат дека бесплатен ручек нема, а, уште помалку има бесплатно позајмени пари. Затоа за нормален, домаќински, човек земањето пари на заем (кредит) не е причина за славење и фалење, туку е повод за загриженост.