1527

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ГАСНА КОМОРА
Додека политичарите си ја префрлуваат одговорноста, годишно умираат скоро 3 илјади луѓе како последица на канцерогените честички во воздухот. Во меѓувреме, се изнаслушавме за разни стратегии и планови и се изнагледавме секакви краткорочни мерки за справувањето со аерозагадувањето, кои во пракса ништо конкретно и значително не променија, т.е. подобрија. Сега, надлежните повторно бараат повеќе време и трпение од граѓаните за да се реши проблемот. Но, до кога? И по која цена?

АЕРОЗАГАДУВАЊЕ
Скопје постојано е во топ 10 најзагадени градови на глобално ниво. Граѓаните протестираат и бараат итни мерки, затоа што веќе неколку години, експертската јавност и еколошките организации ги детектираат истите причинители на аерозагадувањето, меѓу кои предничат домаќинствата, бидејќи само во Скопје има 70.000 оџаци.

ХАОС ВО ЗДРАВСТВОТО
,,Фокус“ успеа да дојде до податоците од „Мој термин“ за тоа како, кога, во кои градови и дали воопшто има слободни термини за снимање за компјутерска томографија, магнетна резонанца, ангиографија, пет скен… И покрај тоа што пациентите со месеци чекаат за снимање, тие уште по неколку месеци чекаат за некој потоа да им ги прочита резултатите.

„27 АПРИЛ“
По седум години бегство, неодамна, своеволно се врати Дејан Давидовски-Дешо, еден од обвинетите за „27 април“. Тој сега чека судење, но во него, својата шанса за слобода ја гледаат и другите правосилно осудени. „Фокус“ открива едно од можните сценарија со кое обвинетите очекуваат слобода.

ЛУДА ИДЕЈА ИЛИ РЕАЛНОСТ
Поради новиот склоп на геополитички промени, идеите на Трамп, кои звучеа лудо и нереално во првиот мандат, сега доаѓаат на цена. Можеби четири години не се доволни да се испреговара некаква унија со Канада. Но, за Гренланд и Панама, новата администрација во Белата куќа сигурно ќе се ангажира.

БОРБА ЗА ДОМИНАЦИЈА
Вистински државник е оној што работи на тоа да пробие пат, дури и кога знае дека еден ден ќе се вози по него во автобус. Без пат, автомобилот е џабе. Ако имаш пат, и со најбавен автобус ќе стигнеш побргу до целта, отколку ако имаш и најбрз автомобил, ама немаш пат.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Пред секоја делегација наместо името на државата беа имињата на претседателот и на министерот за надворешни работи. Можно ли е ваквиот аранжман за претставниците од „целиот свет“ да е издејствуван од Грција само за да не стои името „Македонија“? Секако.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Само македонските политикански пацери во оргазматичен занес продолжуваат со рефренот ,,ЕУ, ЕУ, ЕУ”! Оксиморонски повторуваат дека за неолибералната глобалистичка алтернатива нема алтернатива.

Ана ПАНОВСКА
За поздравување е секогаш  кога се раѓа нешто ново, но за предупредување и за тешка осуда е нашето лакомо, недомаќинско, непатриотско однесување кон нашето природно богатство и кон она другото богатство создадено од човечка рака направено некогаш.